16.9 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаСветБританците полудеа: Поради теориите на заговор за 5G мрежата палат столбови за...

Британците полудеа: Поради теориите на заговор за 5G мрежата палат столбови за мобилна телефонија и малтретираат инженери

spot_imgspot_img

Според порталот Точка.мк во неколку градови во Велика Британија се запалени столбови на мобилна телефонија и дошло до злоставување на инженери поради невтемелените теории за поврзаноста на коронавирусот со 5G мрежата, соопштиле британските мобилни провајдери.

Откако на социјалните мрежи биле објавени фотографии од столбови во пламен, провајдерите истакнале дека ширењето на таквите гласини е загрижувачко.

Како што пренесува “BBC”, биле запалени столбови во Спаркхил, Бирмингем и Мелинг.

Секретаријатот за дигитални технологии, култура, медиуми и спорт соопшти дека е запознаен со тоа дека на социјалните мрежи се шират неточни информации за 5G технологијата и поврзаноста со коронавирусот.

Фејсбук вчера ја отстрани страницата на која биле прикажани фотографии со запалени кули за пренос на 5G технологија, со поттик и останатите да го направат истото. Компанијата Мобајл УК навела дека уште повеќе ги загрижува тоа што поединечни луѓе ги злоставуваат нејзините работници и им се закануваат дека ќе ја оштетат инфраструктурата поради тврдењата за 5G технологијата.

“Тоа само негативно влијае врз способноста на нашата индустрија да ги одржи оперативните капацитети на мрежата за поддршка на масовната работа од дома и достапноста на итните служби”, истакнала компанијата.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

,,Тигрите” ќе го пречекаат Палчо на Скопскиот аеродром

Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР е известен дека се завршени потребните процедури во врска со овој случај и во координација со турската...

Почина таткото на Тоше Проески.

Почина Никола Проески, татко на легендарниот музичар Тоше, а веста за неговото заминување денес на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка. –Светол патот, татко...

Министерка на СДСМ го обвини ВМРО-ДПМНЕ за масакрот врз бранителите кај Вејце

Крајно несериозна и уште повеќе неодговорна е изјавата на министерката за одбрана Славјанка Петровска во која тврди дека бранителите во заседата кај Вејце загинале...

На денешен ден во с. Добрушево е роден г.г. Стефан

На денешен ден 01.05.1955 година во село Добрушево – битолско, е роден нашиот Архиепископ – Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан. На многаја...