18.9 C
Ohrid
недела, април 28, 2024
ПочетнаМакедонијаПред влезот на инфективнта клиника поставен„УВ Гард“ - уред со УВ зраци...

Пред влезот на инфективнта клиника поставен„УВ Гард“ – уред со УВ зраци за дезинфекција на површини и воздух од вируси и бактерии

spot_imgspot_img

Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, денеска доби „УВ Гард“ – уред со УВ зраци за дезинфекција на површини и воздух од вируси и бактерии, со цел зајакнување на условите во оваа установа каде се сместени и се лекуваат пациентите кои се заразени и позитивни на коронавирус.

Функционалноста на овој апарат е следна:
– Дезинфицира и површини и воздух, 360 степени наоколу;
– Работи на принцип на зрачење кратка UV-C бранова должина од 254 нанометри;
– Ги убива микроорганизмите кои доаѓаат во контакт со светлината, им ги уништува нуклеинските киселини и ја нарушува нивната ДНК, оставајќи ги без можност да ја вршат својата функција;
– Просторијата што се дезинфицира мора да биде празна, но тоа не е проблем бидејќи уредот се контролира од далечина и го заштитува тој што го ракува;
– УВ зраците допираат до места кои се недостапни и стопроцентно ги елиминираат вирусите и бактериите и на нерамни површини;
– За просторија од 40 квадратни метри се доволни околу триесетина минути, а веднаш по дезинфекцијата се чувствува силен мирис на озон.

„Сакаме да им помогнеме на нашите здравствени работници. УВ Гардот е уред кој дезинфицира вируси и бактерии. Апаратот е мобилен, со функционалност да се движи на тркалца од една просторија во друга. Работи на струја и батерии, што претставува одлична можност за дезинфицирање на места каде што нема електрична инсталација. Се надеваме дека ќе помогнеме на Клиниката, затоа што лицата од првите борбени линии ја заслужуваат нашата најголема поддршка во справувањето со КОВИД-19“, вели Ивица Поцков, македонски иноватор кој заедно со Никола Глигоров го имаат создадено овој уред.

До крајот на неделата, уште еден ваков УВ уред ќе биде дониран на Клиниката за пулмологија и алергологија во Скопје.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во чест на загинатите бранители кај селото Вејце- Чкембари со црвено-жолти бакли го осветлија паркот и споменикот на бранителите

„Наш завет е да ги чуваме од заборавот и да го пренесуваме нивното големо дело на секој човек. МАКЕДОНИЈА секогаш раѓала храбри синови со...

Мицкоски: Силјановска ќе добие поддршка од Максим Димитриевски во вториот круг

Се слушнавме и со господинот Максим Димитриевски. Знаете дека ВМРО-ДПМНЕ е во коалиција со градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски во Куманово. Очекуваме поддршка за...

Од денес погледот кон небото нема да е ист!

Од денес погледот кон небото нема да е ист! Од денес над нас, тука во Драчево стои еден моќен симбол на верата,...

„Вејце ниту се простува, ниту се заборава“ – Македонците паметат! Горат социјалните мрежи на годишнината од крвавиот масакр

Социјалните мрежи се преплавени со објави по повод 23-годишнината од масакрот кај Вејце, откако од заседа и ѕверски биле убиени, а потоа масакрирани и...