Вознемирувачки фотографии беа објавени попладнево на социјалните мрежи, од верверичка обесена на дрво, бидејќи му ги јадела оревите на човекот кој живеел во близина.
Локалците велат дека знаат кој е сторителот на ова дело. Фотографијата е направена во Соње, во населбата Млака, улица 9.
,,Ве молиме престанете да се однесувате како примитивци во 2020 година!
Сме се родиле со памет и срце за да бидеме грижливи и емпатични спрема другите битија со кои ја делиме Земјава.
Не сме само ние на овој свет и не ни припаѓа само на нас.
На крајот на денот навистина, колку кила ореви може да изеде една верверичка?“-реагира и прашува Здружението за заштита на животни Анима Мунди.