15.2 C
Ohrid
четврток, септември 19, 2024
ПочетнаМакедонијаВидео - Оџата од Слупчане ја загуби мајка си, а двете деца...

Видео – Оџата од Слупчане ја загуби мајка си, а двете деца му се позитивни на корона – слика од општина Липково, едно од актуелните жаришта

Бројот на заразени и починати лица од коронавирус во Кумановско е повторно во пораст, но за разлика од првиот бран кога поголем дел од случаите доаѓаа од градот, жариштето на вториот бран е во Липково.

Бројките го менуваат и односот на локалното население – на почетокот на епидемијата, многу жители се сомневаа во постоењето на вирусот, но во едно од липковските села, Слупчане се чини дека тоа сѐ поретко е случај. Голема улога во менувањето на свеста на населението во моментов игра оџата Абдулфета Шахини чија мајка е една од жртвите на Ковид-19 од овој крај. Шахини вели дека мајка му се заразила на погреб кај блиски роднини, а за првите симптоми мислеле дека се последица на замор.

“Но, не беше така. Тогаш почна да се влошува. Во понеделник и вторник прими две инфузии како терапија, во среда ја однесовме во болницата во Куманово каде што и ја задржаа и видоа дека ѝ се намалува кислородот. Утредента не нѐ информираа, но кога отидов да прашам за нејзината состојба, ми рекоа дека ја испратиле во болницата “8 Септември” во Скопје. Десет дена беше таму. Во четврток, тој ден, ѝ е направен тестот и излезе позитивна на Ковид-19. И така 10 дена престојуваше во болница во Скопје во “8 Септември”, до 1 јуни, понеделник. Во 9 часот нѐ известија дека почина”, вели Шахини.

Смртта на неговата мајката за Абдулфета и за други 40 лица со кои таа имала контакт значи двонеделна изолација. Од изолираните, само од најблискиот семеен круг се позитивни 4 лица, меѓу кои и двете деца на оџата, пренесува “360 степени”.

“Затоа, јас како совет, би ги замолил моите сограѓани, како оџа на ова село, како син на ова село, како еден нивни советник, да не го сфаќаат ова како игра, затоа што не е игра. Да се заштитат, да се заштитат себеси, да ги заштитат своите семејства, своите деца. Тешко е две недели да седиш, а да не можеш да се доближиш до своето дете. Да помине празникот Бајрам, за нас слава, а јас да не можам да го гушнам своето дете или да славам со мој родител, со сопругата или со семејството. Беше многу тешко. Секој нека се замисли во ваква ситуација. Затоа, браќа, ве молам, во име на Бога, не сфаќајте го ова како игра. Сфатете го сериозно, изолирајте се, придржувајте се до тие правила, услови, оние мерки што се бараат од Министерство за здравство и матичните лекари, но и од другите. Да го надминеме ова и да се вратиме во нормала, како што треба, и потоа да живееме без страв”, вели Шахини.

Репортажа на 360.мк

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Одложена операцијата на Зоки Фаци: Хоспитализиран е, операцијата е сериозна, се чека лекарскиот тим

Одложена е операцијата на шоу-бизнис новинарот, Зоран Василевски-Фаци кој денеска требаше да влезе во операциона сала. Јутуберот Стефан Лазаров, кој е и негов соработик,...

Градоначалникот Пецаков со 80.000 денари донација за Мухамед Максуд.

Средствата во износ од 133 000 денари кои изминатиов период се собраа од хуманитарните паркинзи ги донираме онаму каде што е најпотребно. Дел од овие...

Пејачката Александра Тадиќ си купи гробно место: Споменикот е веќе поставен, со нејзиното име и слика

Пејачката Александра Тадиќ Ципка (32), кон средината на мај, го загуби својот сопруг Небојша Јарин Стојиќевиќ, кој почина на 52-годишна возраст од срцев удар....

Уапсен разбојник во Скопје кој со скалпер се заканувал при кражби

Вчера во 18.30 часот во Скопје, во Старата скопска чаршија, инспектори од ОКР Центар и Бит Пазар при СВР Скопје го лишија од слобода...