6.8 C
Ohrid
вторник, ноември 26, 2024
ПочетнаАвстралијаВидео - Австралија ја зголемува борбената готовност додека растат тензиите со Кина

Видео – Австралија ја зголемува борбената готовност додека растат тензиите со Кина

Австралија најави голема воена инвестициска програма со која ги зајакнува своите способности за ракетни напади и водухопловните бази во услови на ескалирање на регионалните тензии со Кина, зајакнувајќи ја заложбата на премиерот Скот Морисон за „отворен, суверен Индо-Пацифик, ослободен од принуда и од хегемонија“, пренесува „7 Њуз Аустралиа“.

Морисон издвои 270 милијарди долари за нови и надградени способности во текот на следната деценија, што е зголемување од речиси 40 отсто, велејќи дека армијата значително ќе го префрли својот фокус кон проектирање на регионалната моќ и ќе го зајакне сојузот со американските сили.

Планот вклучува големи надградби на водухопловната база „Тиндал РААФ“ во Северната Територија што Морисон претходно ја опиша како „врв на копјето“ на заедничката воздушна операција на Австралија и САД во Индо-Пацификот.

„Мора да се соочиме со реалноста дека влеговме во нова и помалку бенигна стратешка ера. Дури и додека се соочуваме со пандемијата на Ковид-19 дома, треба да се подготвиме и за пост-ковид свет што е посиромашен, поопасен, а со тоа и понемирен“, рече Морисон, осврнувајќи се на сè понаметливата Кина.Конзервативната коалициска влада на на Австралија се обврза да потроши најмалку два отсто од БДП за одбрана,  како што побара американскиот претседател, Доналд Трамп, од сојузниците  и планира да потроши речиси 40 отсто повеќе за системите за оружје од последниот преглед на одбраната во 2016 година.

Земјата ќе се здобие со помоќна способност за напади што може да таргетираат цели на илјадници километри од Австралија, почнувајќи со антибродската ракета со долг дострел, американската АГМ-158Ц. Ракетата има досег од повеќе од 370 км и би претставувала значајна надградба на досегот од 124 километри на австралиската АГМ-84 антибродска ракета „Харпун“, лансирана од воздух, која беше воведена во раните 80-ти.

Ќе бидат потрошени и до 9,3 милијарди долари за истражување и развој на брзо оружје со голем дострел, вклучувајќи хиперсонично оружје, а се планираат и два нови полка вооружени со мобилна тешка артилерија.

Владата соопшти дека Австралија била цел на напади спонзорирани од држава, за кои се претпоставува дека ги извршила Кина. Пекинг е во постојан судир со Канбера обидувајќи се да ѝ наплати на Австралија за зборувањето против интересите на Комунистичката партија. Австралија последно  ја разлути Кина барајќи истрага за потеклото на пандемијата на коронавирусот.

Канбера се спротивстави на она што го опиша како „економска принуда“ од Кина, вклучувајќи ги тајните кампањи за влијание и употребата на технолошките компании како „Хуавеј“ како алатка за собирање разузнавачки информации и геополитичка моќ.

Кина, за возврат, ги предупреди своите студенти и туристи да не одат во Австралија, наметна трговски санкции за австралиската стока и осуди австралиски државјанин на смрт за трговија со дрога.

 

Пекинг го измеваше долгиот сојуз на Австралија со САД во војна и со мир, сметајќи дека тоа е нешто што треба да се исмејува. Кинеските медиуми во април тврдеа дека Австралија секогаш прави проблеми, „како гума за џвакање залепена на ѓонот од чевлите на Кина“

 

извор: Makfax

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Раде Штекли нуди работа, плата 3000 евра !!!

Изминатиов период Раде Штекли ја разбранува јавноста откако врз него три пати беше извршен обид за ликвидација. Овој пат Раде нуди 3000 евра плата за...

Посмртните останки на Митрополитот Тимотеј ќе бидат изложени за проштално збогум во храмот на Свети Климент Охридски на Плаошник

Со болка во срцата и со искрено сочувство, ја известуваме јавноста дека денеска, 25.11.2024, на споменот на Светиот Јован Милостив, се упокои во Господа...

Писмо со сочувство од градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков по повод упокојувањето на владиката Тимотеј

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, денеска испрати писмо со сочувство до Синодот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија и до правосвештенството по повод...

Драма во Гевгелија: Шоферот на Брзата помош го претепал лекарот !!

Во Полициската станица Гевгелија, вчера попладне Р.Ц.(36), лекар во Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека околу 12.00 часот во Медицински центар Гевгелија бил физички...