16.9 C
Ohrid
вторник, април 30, 2024
ПочетнаМакедонијаВенко Филипче: Благодарение на Америка го подобривме здравството при што добивме донација...

Венко Филипче: Благодарение на Америка го подобривме здравството при што добивме донација од заштитна опрема…

spot_imgspot_img

Министерот за здравство Венко Филипче, при денешната посета на реновираниот дел во лабораторијата при Институтот за јавно здравје, и се заблагодари на амбасадорката на САД Кејт Брнз за нејзиното, како што рече, несебично залагање да помогне уште од почетокот на пандемијата во зајакнување на нашиот здравствен систем. Филипче потенцира дека САД остануваат главниот стратешки партнер на нашата држава, како и во другите области, така и во здравството.

– Благодарение на Амбасадата на САД ќе имаме кабинет со биосејфти ниво 3 во делот на микробиологијата. Тоа ќе биде уште едно зајакнување и уште еден чекор напред во квалитетот на здравствената услуга која се дава и во технологијата за работа – рече Филипче.

Филипче изјави дека преку Американската Амбасада во нашата држава, нашиот здравствен систем од САД добил заштитна опрема и материјали. Инфективната клиника од САД добила помош во медицинска опрема, а Клиниката за гинекологија и акушерство заштитна опрема.

– САД потврдија дека се нашиот најсериозен стратешки партнер, како во другите области така и во здравството. Ова е продолжение на една соработка која трае подолго време. Во изминатиов период беше целосно реновирана Клиниката за нефрологија, потоа Психијатриската клиника-Демир Хисар. Сега во тек се градежните работи на максилофацијална хирургија, а следниот период ќе почнат и на Клиниката за хематологија, со што САД сериозно придонесуваат во зајакнување на нашиот здравствен систем, во делот на инфрастуктура и медицинска опрема – рече Филипче.

Американската амбасадорка Брнз изјави дека она што го виделе денеска е импресивно и со задоволство може да каже дека дополнителните капацитети добиени со ова реновирање доаѓаат како резултат на неверојатната соработка меѓу Канцеларијата за соработка во одбраната на Соединетите Американски Држави, Министерството и Институтот.

– Работевме заедно, чекор по чекор, за да обезбедиме навремени одлуки за клучни проекти што ќе помогнат во подобрувањето на можностите за тестирање на оваа земја. Горда сум што можеме да ги видиме резултатите од научната соработка помеѓу Институтот и Центрите за контрола на болести во САД, за обезбедување обука и опрема, како овде денес така и во дневните извештаи од Министерството за здравство – рече Брнз.

Фактот што во поселедниве недели се прават повеќе од 1.700 тестови дневно, како што посочи американската амбасадорка, е потврда за одличната работа на Владата во справувањето со кризата во овој многу тежок период.

– Ние сме тука денес бидејќи веруваме и ќе ја продолжиме соработката со Институтот за јавно здравје и со Министерството за да им помогнеме да обезбедат подобри услуги за граѓаните на Северна Македонија. Затоа што знаеме, додека се соочуваме со предизвиците од ковид-19, заедно сме посилни, како колеги, пријатели и како сојузници – рече амбасадорката Брнз.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ВО ХРВАТСКА НЕМА НИЕДНО БЕЗДОМНО КУЧЕ ОТИ СЛЕДИ ЗАТВОР ЗА НАПУШТАЊЕ МИЛЕНИК !!!

За нецели две години од спроведувањето на хуманиот третман на кучиња скитници во Охрид, сликата низ улиците е далеку подобра. Општината преку ЈП „Охридски...

Османи: Влада без принципот „победник со победник“ нема да има

Отвореното одбивање на Христијан Мицкоски да совладее со ДУИ во следниот мандат ја натера оваа партија да ја заостри реториката кон него. Според партијата...

Работниците незадоволни, закажан протест утре пред Влада

Сојузот на синдикатите на Македонија организира протест по повод Меѓународниот ден на трудот - 1. мај. Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов во отворено писмо до...

Приведен охриѓанец, истепал 71 годишно лице

Приведен охриѓанец, истепал 71 годишно лице.. На 29.04.2024 година во 18.30 часот, во СВР Охрид приведен е Х.П.(29) од Охрид, поради сомнение дека претходно, на...