Наташа Апостолска од Тетово денеска ги „запали“ социјалните мрежи, откако на Твитер објави дека на оној кој во сообраќајна несреќа удри во моторот на сопругот му е изречена условна казна. Во таа сообраќајна несреќа сопругот на Наташа почина, таа го изгуби бебето и ѝ се нанесени тешки телесни повреди.
Станува збор за сообраќајната несреќа која пред две години се случи кај Млечен
ресторан, кога условно ослободениот поминал на две полни ленти, им го пресекол патот на Наташа и сопругот кои се возеле со мотор и удрил во нив.
Апостолоска, исто така на Твитер информираше дека обвинетиот не се појавил да ја
слушне казната, при што според Наташа, тој излегол жртвата на крајот од целата
постапка. Овој случај со Апостолоска, уште еднаш го потврди трулежот во македонското судство, кое предизвикува очај кај граѓаните кои револтирано и оправдано бараат правда за невино згаснати животи.
Денеска во Името на граѓаните на РСМ судијата Елена Илиевска Јосифовиќ при ОС Скопје 1 му изрече условна осуда на оној кој ми го одзеде сопругот на 32 години, бебето и мене ме остави со тешки телесни повреди!!! Само затоа што признал! Дно дна !!!
— Natasha Apostoloska (@napostoloska) September 4, 2020