Поранешните офицери на ОВК и политичари од Косово, Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи се обвинети пред судот во Хаг за најмалку 98 убиства.
Тие се обвинети за злосторства извршени во 34 илегални притвори на ОВК во Косово и Албанија против најмалку 407 приведени, од кои најмалку 98 биле убиени, во периодот од март 1998 година до септември 1999 година.
Тачи ќе се појави пред судиите во Хаг во понеделник, 9 ноември во 15 часот.
Обвинението ги товари Тачи и другите за политички и етнички прогон, затвор, незаконско апсење и притвор, други нехумани дела, суров третман, тортура (две точки) и убиства (две точки).
Овие злосторства се квалификувани, во пет точки, како злосторства против човештвото и воени злосторства.