12.9 C
Ohrid
недела, мај 5, 2024
ПочетнаМакедонијаДоктор Зоки Заев: Брат ми беше позитивен децата итн, па затоа мислам...

Доктор Зоки Заев: Брат ми беше позитивен децата итн, па затоа мислам во мојата глава дека во Македонија се случува колективен имунитет. (Видео)

spot_imgspot_img

И братот и децата на Зоран Заев прележале ковид-19, а премиерот, кој не го видовме во самоизолација, дури вчера самиот го откри ова, сосема случајно, додека зборуваше за неговите „убедувања во главата“ за коронавирусот.

Овојпат, од „доктор Зоки“, човекот кој ни откри дека вирусот лета, доаѓа ново негово согледување дека во Македонија се случува колективен имунитет.

Во својата глава разработувам свои согледувања. Јас мислам дека се случува колективен имунитет, односно колективно заразување. Знаејќи дека еве моето семејство пола помина, двете деца ми беа позитивни, брат ми беше позитивен, братучедите, внуците, а другиот дел, од тие што не поминаа, меѓу кои и јас, кој не сум бил до сега позитивен, пола од нив веќе имаат антитела, рече Заев во своето последно интервју на „Телма“.

Од овие 24 секунди прозилегуваат доста прашања, како тоа зошто дури сега од „транспарентниот“ Заев дознаваме дека половина семејство му било позитивно, ама не дознавме кој од нив бил во изолација. Не дознавме ниту зошто премиерот не бил во изолација, знаејќи дека, како што гордо кажува – секој викенд го поминува дома во Струмица.

Понатаму, доколку таа самоизолација навистина постоела и се случила, дали повторно се „самоизолирал“ со целото семејство од три генерации по дома, како првиот пат кога замина во изолација по интервјуто кај Гоце Михајловски или пак, се „изолирал“ возејќи мотор со моторџиите, како вториот пат кога наводно беше во изолација, по контактот со заболениот кумашин Мухамед Зекири?

Трето, дали ова „негово согледување“ е чекор поблиску до тоа „доктор Зоки“ на прес-конференција да нè убедува дека за коронавирусот не треба болнички кревет, туку „од нога“ се поминува? Дали ако веќе е убеден дека има антитела ќе се вакцинира и ќе им троши од дозите на граѓаните?

Република

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Прилепскиот шарпланинец Љубо стана светски Шампион.

Прилепскиот шарпланинец Љубо од одгледувачницата за шарпланинци Каравилоски го освои првото место во светот во расата шарпланинци на светското првенство кое се одржа...

Дедо Петар: Нашиот народ е мудар и знае за кого треба да гласа во среда !!

Ќе избереме добро или зло; вистина или лага; светлина или темнина; живот вечен или духовна смрт; Бога или ѓаволот?, прашува владиката Петар во пресрет...

Охриѓани ја продолжија традицијата – одиграа фудбалски натпревар стари против млади по повод Велигден!

Фудбалски натпревар кој 64-ра година по ред се игра по повод Велигден! Традиција која ја започнале жителите на Месокастро, а низ годините им се...

Да си ја сакаме државата, да го сакаме ближниот, велигденска честитка на Мицкоски

Од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ на сите верници им го честитам големиот христијански празник, Христово Воскресение – Велигден. Христовото воскресение...