7.9 C
Ohrid
петок, мај 3, 2024
ПочетнаМакедонијаАгнеса: Дали нормален човек пишува на фејзбук дека го болел тестисот, па...

Агнеса: Дали нормален човек пишува на фејзбук дека го болел тестисот, па после сум го оставила зошто не бил директор.

spot_imgspot_img

Вели сум го оставила дека не бил директор, па тој не е директор веќе пет години и ако било за пари ќе сум го оставела тогаш, вели Агнеса Органџиева, до вчера Орданоска и сопруга на поранешниот директор на АЕК, Роберт Орданоски, за случувањата во нивниот брак, кои од четирите ѕида во нивниот дом се преселија на социјалните мрежи и јавноста веќе неколку дена ги коментира, објави mms.mk

Таа иако сеуште не се разведени, веќе секаде се претставува како Органџиева, по нејзиното моминско презиме, бидејќи, како што вели за ММС, веќе не сака да се презива така.

И не само тоа, таа за ММС ги објасни работите како изгледаат од нејзин аспект, кога веќе во бракот нема љубов и дека нејзината одлука да го прекине бракот не е донесена преку ноќ.

-Штом го оставам, значи нешто има. Нешто дома не е во ред. Не сакам децата да растат во таква средина. Затоа решив. Кога веќе ја вмеша јавноста и јавноста виде што кажа за мене, тогаш еве нека свати јавноста со каков човек сум имала работа. Цело време трпев само заради децата, беа мали.

-Но, сега пораснаа. Јас на поголемата ќерка и кажав какви ми се плановите и ме поддржа. Не е ова нешто што сум го решила преку ноќ, како што тој кажува. Јас него многу добро го знам каков манипулатор е, вели Органџиева за mms.mk.

-Јас спиев и ми се јави ќека ми и ми рече: „Мамо те молам не отворај Фејсбук, да не се насекираш“. Јас знаев дека направил некоја глупост, бидејќи го знам каков е. Еве еден прост пример- дали нормален човек јавно пишува дека има воспаление на тестиси? А тоа го објави пред неколку дена. Знаеш како ја усрами Вивиен со тоа. Девојче од 17 години кое студира медицина.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ГРК Охрид обезбеди пласман во Европските ракометни купови

ГРК Охрид оберзбеди учество во европските купови, откако вечерва во салата „Билјанини извори“ ја совлада екипата на Пролет 29:22, полувреме 16:10, во натпревар од...

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Полициски службеници од СВР Велес, вчера во 8.30 часот, во водите на реката Вардар блиску до местото наречено „Јаниташ“, пронашле тело на починато машко...

МТВ: Уредно беа поканети двајцата кандидати, тимот на Пендаровски не прифати ни еден од понудените термини

Од Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел на МТВ. Оттаму велат дека на 26 април...

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

После јавната бламажа на трите досегашни ТВ дуели, Гордана Силјановска Давкова сфати дека единствен начин да излезе како победник во тие јавни соочувања е...