13.4 C
Ohrid
среда, мај 8, 2024
ПочетнаМакедонија„Ла Верита“ ги објави писмата на Филипче испратени до кинески „Синофарм“

„Ла Верита“ ги објави писмата на Филипче испратени до кинески „Синофарм“

Италијанскиот весник „Ла верита“ во денешното продолжение открива детали за тоа како Македонија ги набавувала кинеските вакцини, ги објавува писмата на македонскиот министер за здравство Венко Филипче до кинескиот производител на вакцини „Синофарм“.

Во писмото на Филипче испратено на 25 јануари до „Синофарм“ се вели дека ја ослободува компанијата, односно Кина, од каква било одговорност од евентуални негативни последици од употребата на вакцината. Ова, според „Ла Верита“, е спротивно на многу меѓународни конвенции и претставува кршење на основната институционална мисија, а тоа е заштитата на здравјето на своите граѓани.

-Веќе е јасно дека лани во декември Кина добила барања, речиси во исто време, и од Македонија и од Црна Гора. Фактот што само вториве успеале да добијат вакцини, ни кажува дека со Скопје и комунистичкиот режим во Пекинг има мака да најде модалитет за соработка, со цел да биде заштитен од евентуални критики поврзани со менаџирањето на т.н. здравствена дипломатија“, пишува на „Ла Верита“.

Писмата на Филипче до Пекинг, и тоа од 25 декември 2020 и од 25 јануари 2021 година, оделе преку фирмата „Старби интернешнл“ (Starbi International) во Хонг Конг. Фирмата е основана во 2017 година, не се знае колку вработени има, а нема медицинско ниту фармацевтско портфолио.

sitel tv

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Јаулески: Преголема е честа да ги носам моштите на Св. Ѓеоргиј Победоносецот, заштитникот на Струга и целото Православие!

Преголема е честа да ги носам моштите на Св. Ѓеоргиј Победоносецот, заштитникот на Струга и целото Православие! Му благодарам на Бога што ме удостои...

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња ...

Тројца мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објект во општина Чаир каде се чува изборниот материјал

Денеска (07.05.2024) во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот...

Македонски пејачи ќе пеат во Ќустендил на настан за културно обединување

Втора година по ред во бугарското село Слокоштица, Ќустендил, ќе се одржи музичката манифестација Балканска средба – Музика без граници, на која е најавено...