3.8 C
Ohrid
сабота, декември 21, 2024
ПочетнаСветВо Словенија се укинува полицискиот час и повторно се отвораат училиштата

Во Словенија се укинува полицискиот час и повторно се отвораат училиштата

spot_img

Во Словенија денеска се олеснуваат мерките, се укинува полицискиот час и повторно се отвораат училиштата.

Во основните училишта повторно ќе почне наставата, додека во средните ќе биде воведен алтернативен модел според кој групите на средношколци кои доаѓаат во училиштата ќе се менуваат еднаш неделно со оние кои наставата ја слушале од дома.

На факултетите и понатаму ќе важи построг режим за одржување на наставата со помали групи од најмногу 10 студенти, на кои ќе им биде дозволено да доаѓаат на факултетите заради вежби или испити, пренесува СТА.

Повторно ќе бидат отворени продавниците и културните институции, на ски центрите исто така ќе им биде дозволена работа, а се укинува забраната за спортски активности во кои не се вклучени повеќе од 10 луѓе.

Носењето на заштитни маски во затворен простор и понатаму е задолжително, но се укинува носењето на маски на отворен простор.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Апел за помош: Премрзнат возрасен маж со часови лежи во Центар, збунeт.

На социјалните мрежи кружи фотографија со возрасен маж и се аплеира дали некој ќе го препознае лицето. Како што стои во еден од описите човекот...

Митрополитот Петар: “Да се прогласи Св. Никола за неработен ден, за сите да можеме да се најдеме во храмовите и заеднички да празнуваме”

По 17-ти пат прилепчани вчера се поклонија пред својот заштитник на градот, Светиот Николај Чудотворец, празник кој најмасовно се празнува во градот под Марковите...

Пукање во Дебар – непознати напаѓачи пукале во полицајци кои се обиделе да ги запрат !!

Полицајци од граничната полиција вчеравечер во Дебар биле нападнати од двајца непознати напаѓачи, кои пукале во нив откако полицајците ги забележале како се движат...

Арачиновци длабоко под земја наместо компири, имале закопано оружје и бомби.

Куп експлозив и оружје е најдено во Арачиново, во дворот каде со багери се копа со денови, дознава „Скопје1“. На локацијата се копаше повеќе...