10.9 C
Ohrid
петок, ноември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев: Само мојот прв братучед има лиценца за производство на канабис

Заев: Само мојот прв братучед има лиценца за производство на канабис

Премиерот рече дека земјава е попривлечна дури и од Португалија за производство на канабис.

Проценката за производството на медицински канабис во земјава само со актуелните 60 лиценци е преку 250 милиони евра што е 2,5 отсто од БДП. Верувам дека ќе имаме отрезнување од страна на опозицијата за деблокирање на законите во Парламентот. Во моментов бараме решение како да овозоможиме и извоз на цвет кој се употребува од индустријата за препарати за кожа, а има и други намени. Тоа ќе значи флексибилност во производството и привлечност за нови инвестиции.

Ова го изјави премиерот Зоран Заев кој рече дека од 61 лиценца за производство на канабис за медицински цели само една е на член на неговото семејство, односно на неговиот прв братучед.

Од 61 лиценца, една е на член на моето семејство, на мој прв братучед. Останатите 60 се на други инвеститори во државата, домашни и странски. Во еден наврат мојот братучед и јавно рече „да ја затворам комапнијата ако е пречка за сите други“. Но, во сите македонски компании работат наши граѓани, платата е меѓу 700 и 1.500 евра. Во однос на поднебјето и климатските услови сме попримамливи и од Португалија, а како дестинација сме една од најпривлечните за инвестиции во медицински канабис – рече Заев.

Во законот, рече премиерот, е планирано покрај десетте отсто за данокот на добивка, да се плати и десет отсто од извозната фактура за шест намени: три отсто за ретки болести, два отсто за агенцијата за медицински канабис, 1,25 отсто за фонд за медиуми, 1,25 отсто за невладиниот сектор, 1,25 отсто за спорт и 1,25 отсто за културни настани.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...

Абе дојдете кој сакате: Лидерот на Левица, фрли слушалки кон пратеник и се обиде физички да се пресмета

Малку фалеше да дојде до физичка пресметка помеѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието. Апасиев најпрвин влезе во вербална...

Давкова: Ќе се сретнам утре со Шекеринска за да и честитам.

Дозволете, да Ве информирам дека утрово беше остварен телефонски разговор со госпоѓата Радмила Шекеринска-Јанковска. Во разговорот ѝ е упатена покана за средба со цел...

Владо Георгиев ограбен во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје

Црногорскиот пејач Владо Георгиев бил ограбен во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје. Тој веднаш се огласи на социјалната мрежа Икс, каде сподели детали за...