13.9 C
Ohrid
петок, ноември 22, 2024
ПочетнаЗабаваПриказната за вистинскиот Тарзан – 41 година живеел во џунгла, а скоро...

Приказната за вистинскиот Тарзан – 41 година живеел во џунгла, а скоро дознал дека постојат и жени во светот.

Неверојатна приказна за татко и син кои четири децении живееле во шума по бегството од Виетнамската војна.

Хо Ван Ланг, денес 49-годишник, со својот татко поминал 41 година живеејќи во длабока шума во провинцијата Куанг Нгаи.

Цивилизацијата ја напуштиле кон крајот на Виетнамската војна во 1972 година, кога американска бомба ја убила мајката на Ланг и двајцата браќа и сестри.

Тие преживеале јадејќи мед, овошје, змии, гуштери, жаби, градејќи засолништа и снаоѓајќи се како што знаат и умеат.

Низ четирите децении сретнале само пет луѓе и секојпат бегале од нив.

Во 2015 година Алваро Церезо, фотограф, им влегол во трага, па ги следел и забележал неверојатни работи.

„Таткото на Ланг имаше голема фобија од враќање во цивилизација поради тоа што не верувал дека војната во Виетнам е завршена“, изјавил Церезо.

Тоа што најмногу ги шокирало медиумите во приказната за овој вистински Тарзан е фактот што тој до неодамна не знаел дека постојат жени.


„Татко му никогаш не му објаснил дека постојат два пола, па првпат видел жена кога стигнал во малата населба“.

Но, тоа не било сè што било фасцинантно. Навечер него го воодушевувало светлото кое доаѓало од сијалицата.

„Ланг ни кажа дека уживањето во светлината во текот на ноќта за него е нешто неверојатно“, изјавил Церезо.

Потоа тој се запознал и со телевизијата, за што татко му никогаш не му зборувал. Знаел само дека во малата црна кутија живеат некои мали луѓе.

Особено го радувало тоа што постојат животни со кои може да игра поради тоа што тоа не можел да го прави со шумските животни.

Првата година надвор од џунглата за него била исклучително тешка, а имунолошкиот систем морал да го адаптира на многу работи, пред сè на вирусите и бактериите.

„Ланг веројатно беше најслаткиот човек кој сум го сретнал во животот, тој едноставно не знаеше што е добро, а што лошо“, изјавил фотографот.

Тој денес живее во мала куќа во село недалеку од џунглата. Времето го поминува во модерниот свет, но и натаму е прилично неупатен во општествените правила.

Недостатокот на социјалните вештини е една од најголемите препреки со кои се бори и осум години по доаѓањето во цивилизацијата.

Иако сега знае дека постојат мажи и жени, тој сè уште не ја разбира главната разлика меѓу нив.

Неговиот брат го опишал како „бебе кое е заробено во тело на маж“ поради тоа што не го разбира концептот на живеење во нормалниот свет.

ТОЧКА

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...

Абе дојдете кој сакате: Лидерот на Левица, фрли слушалки кон пратеник и се обиде физички да се пресмета

Малку фалеше да дојде до физичка пресметка помеѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието. Апасиев најпрвин влезе во вербална...