13.9 C
Ohrid
петок, ноември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаМилевска: Не преговарав со власта, за промена на името, гласав по сопствено...

Милевска: Не преговарав со власта, за промена на името, гласав по сопствено убедување

Пранешната министерка за култура, Елизабета Канческа-Милевска, во интервју за Канал 5 тврди дека не преговарала со власта за да гласа за уставните измени во Собранието за промена на името, а за возврат да добие некакви привилегии за судскиот случај „Тендери“ што се води против неа.

Според неа од сегашна дистанца можело да се заклучи дека немало никакви преговори за случајот со оглед на тоа дека тој сè уште трае, а таа редовно се појавува на суд. Кажа дека интересите на државата и биле на прво место.

„Лично по мое сопствено убедување и сметав дека конечно треба сите да се издигнеме над партиските ставови кога станува збор, пред сè, за интересите на државата и кога се одлучува за стратешките приоритети на државата. Поуките коишто можеме да ги извлечеме се тие, верувам дека и ВМРО-ДПМНЕ како партија може да извлече поука, а тоа е дека за суштински прашања кои се од најголем итерес за државата треба да бидеме вклучени во дебата“,

рече Канческа-Милевска.
За проблемите со објектот на новиот Македонски народен театар, кој е дел од проектот „Скопје 2014“, а кој чинеше над 37 милиони евра, Канческа-Милевска вели дека се случуваат поради неодржување на објектот и запушување на сливниците кои не биле чистени, а не поради неквалитетниот материјал.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...

Абе дојдете кој сакате: Лидерот на Левица, фрли слушалки кон пратеник и се обиде физички да се пресмета

Малку фалеше да дојде до физичка пресметка помеѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието. Апасиев најпрвин влезе во вербална...

Давкова: Ќе се сретнам утре со Шекеринска за да и честитам.

Дозволете, да Ве информирам дека утрово беше остварен телефонски разговор со госпоѓата Радмила Шекеринска-Јанковска. Во разговорот ѝ е упатена покана за средба со цел...