Бронзената биста на Поповски била демонтирана од постаментот и фрлена во водите на Охридското Езеро, додека на спомен-обележјето на Јаневски има оштетување и главата е свртена наопаку. (Фото: СДК.МК)
Непознати сторители ноќеска ги вандализирале бистите на македоските поети Славко Јаневски и Анте Поповски во Алејата на писателите во Струга. Бронзената биста на Поповски била демонтирана од постаментот и фрлена во водите на Охридското Езеро, додека на спомен-обележјето на Јаневски има оштетување и главата е свртена наопаку.
Полицијата работи на откривање на сторителите и мотивите за вандализирањето.
Сдк.Мк