17.9 C
Ohrid
среда, мај 8, 2024
ПочетнаМакедонијаТрендот на венчавки со разни предмети се чини дека станува се попопуларен

Трендот на венчавки со разни предмети се чини дека станува се попопуларен

Трендот на венчавки со разни предмети се чини дека станува се попопуларен, а меѓу најновите примери е и маж од Индонезија кој се ожени со апарат за готвење ориз на бизарна церемонија и се разведе по четири дена бидејќи „не можеше да го поднесе притисокот“.

Хоирул Анам од Магелан, Јава, објави фотографии од бизарна свадбена церемонија на Фејсбук, објавувајќи ја неговата венчавка со апарат за ориз. Фотографиите го прикажуваат Анам во традиционален бел костим за венчавки, додека неговата електрична „невеста“ имаше закачено бел превез. Свадбите со бизарни предмети очигледно станаа тренд меѓу корисниците на разни социјални мрежи.

Слично како и во вистинските церемонии, бракот беше запечатен со бакнеж. Анам, исто така, објави пофалби за неговата „идеална“ сопруга, со опис на сликата „искрена, тивка, послушна, не зборува многу, знае да готви“. Сепак, тоа не беше крај на бизарноста кога станува збор за оваа свадба.

По четири дена, Анам објави дека сепак одлучил да го прекине бракот и се разведе од апаратот за ориз, велејќи дека е премногу тешко да се издржи притисокот. Тој рече дека тоа е „тешка“ одлука и призна дека за него нема совршена партнерка.

Извор: 24 седум

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ПРВИ РЕЗУЛТАТИ од ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ: ВМРО-ДПМНЕ со тројна предност на почетокот

Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ ги објави првичните резултати од досега преброените гласови за парламентарните избори. ВМРО-ДПМНЕ според овие бројки има тројна предност пред СДСМ.

Македонските ракометари вечерва против Фарски Острови

Македонската машка ракометна репрезентација вечерва на гостински терен во Торшавн го игра првиот натпревар против Фарски Острови од баражот за пласман на Светското првенство...

Жена од Скопско тешко повредена: Ја прегазил трактор

Вчера во 18.55 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во с.Р`жаничино, скопско, трактор „ИМТ“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.К.(50) од с.Р`жаничино,...

Македонија денес ќе добие претседател – бојкотот не успеа!

До 17 часот на претседателските избори гласале 452.412 гласачи. Овој податок го пласираше ДИК од податоците пристигнати од 2040 избирачки места. ДИК информира дека...