8.9 C
Ohrid
петок, ноември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаАрсовска: Јас сум Данела а не Даниела, името го добив по дедо...

Арсовска: Јас сум Данела а не Даниела, името го добив по дедо ми Дане, и ние сме чисти Македонци.

Во целост ги негирав овие наводи и не само скопјани, туку и цела Македонија знае дека луѓето коишто ги продадоа македонските национални интереси сега два дена пред изборите излегоа со наводи кои јас низ брза постапка не можам да ги докажам и тоа го прават, бидејќи јас не бев ниту човекот, ниту жената која што ги тераше да дадат изјава дека доколку го изгубат Скопје ќе ги изгубат своите политички кариери и своите функции, вели независната кандидатка за градоначалничка на Скопје Данела Арсовска за обвинувањата од СДСМ дека има бугарско државјанство.

– Скопјани и Македонија немаат кратко памтење и знаат кои се тие што ги продадоа македонските национални интереси. Ова е уште еден чекор на демонстрирање на нечија слабост. Безумно лажат за да си ги спасат своите кариери и функциите – рече Арсовска.

Таа објасни дека никогаш не го носела името Даниела. Вели дека е родена како Данела Јовановска и дека повеќе од 20 години е Данела Арсовска. Името и е по дедо и Дане којшто е Македонец.

-Родена сум скопјанка и целиот свој живот сум во Скопје, имам тука семејство кое безумно го напаѓаат, почнувајќи од моите родители, сопруг, син. Верувам дека скопјани знаат дека ова безумие коешто сега се случува и овој личен напад кој го доживувам од луѓето кои 5 години од мене бараа економски совети и седеле со мене на маса, а сега кажуваат дека сум антидржавен елемент. Луѓето знаат дека сето тоа не е вистина. Јас веќе пуштив една тужба, но сега тужбата нема да биде без надомест и сите средства кои ќе ги земам ќе ги донирам, но не на политичка партија како што лажат – рече Арсовска.

Таа додадае дека ако во минатото направила нешто погрешно немаше сега да се кандидира во трка каде што ќе ја напаѓаат, како што вели, вакви безобразни луѓе кои лажат континуирано и истата мисла не можат да си ја задржат два дена откако ќе ја кажат.

-Скопјани, ве молам, ако сакате човечност, поддржете човек за Град Скопје, оти јас имам двајца непријатели, овој којшто не направи ништо за Скопје, а од друга страна имам нов непријател кој денеска се појави и сака да каже дека има антидржавен елемент во мене. Извинете, но вие ги продадовте македонските национални интертеси. Јас сум Данела Арсовска претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија и своето име не го продадов. Не ги терав јас да кажат дека ќе дадат оставка и дека ќе ја напуштат Владата ако го изгубат Скопје. А ќе го изгубат Скопје оти јас сум подобар човек – рече Арсовска.

Арсовска најави дека ќе ги преземе сите мерки за да се заштити од како што рече, лажомани и дека ќе се консултира со најдобри правни експерти.

На барањето на премиерот Зоран Заев да ја повлече кандидатурата поради бугарското државјанство, Арсовска одговори:

– Заев ќе направи се за да си ја спаси политичката кариера. Тој треба прво да го повлече Шилегов оти ништо не испорача. Сега бараат од мене да се повлечам? Кога дојде до таму премиер да се плаши од жена, нека си размисли убаво и по понеделник нека си ја поднесе оставката. Скопјанка сум, Македонка, тука живеам 42 години. Не се повлекувам. И планирам се да докажам од прво до последно, истакна Арсовска.
Видео Тука

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новата заменик-генерална секретарка на НАТО

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО. За обете важната функција...

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...