15.6 C
Ohrid
вторник, јули 29, 2025
ПочетнаМакедонијаДебарцаЗоран Ногачески го почна вториот градоначалнички мандат во општина Дебрца.

Зоран Ногачески го почна вториот градоначалнички мандат во општина Дебрца.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Зоран Ногачески денеска од ОИК на Дебрца го доби Уверението за избран градоначалник на Општината Дебрца, со што официјално го започнува новиот мандат за периодот 2021 до 2025 година, а врз основа на волјата на граѓаните изразена на Локалните избори.

<

Ногачески и овојпат им се заблагодари на граѓаните на општината за искажаната поддршка и истакна дека сега има уште поголема обврска и одговорност.

Подавам рака и ги повикувам сите граѓани да ни се придружат заедно да продолжиме да го градиме нашиот заеднички дом, нашата Дебрца. Убеден сум дека на тој пат ќе имаме добра соработка и со новоизбраните членови на советот на општината, на кои им го честитам изборот – изјави тој.

Ногачески кој беше градоначалник на Дебрца и изминатите четири години како кадар предложен од СДСМ, кандидатурата за вториот мандат ја поднесе како независен и во вториот круг од Локалните избори ја доби поддршката на мнозинството граѓани.

Многу од одлуките што ќе ги носи ќе зависат и од составот на идниот состав на Советот на Општина Дебрца што според резултатите на Локалните избори ќе биде составен од по четири претставници на коалициите предводени од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ, еден советник од коалицијата ДОМ-ЛДП, како и по еден советник од избирачките групи Димче Андрески и Александар Николоски.
Tв: Мики

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ангелов со убави вести: Куманово ноќва ќе биде зафатено од пороен дожд

Куманово и дел од Крива Паланка ноќва ќе бидат зафатени од пороен дожд, најави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. Како што...

Јордан Митев: Тажна слика над моето родно село Подареш

Тажна слика над моето родно село Подареш. Прекрасната планината Готен со надморска височина од 1420 метри која го краси моето село е претворена во...

Кривична пријава против две лица кои му се заканувале на пратеник од Струга

Поднесена кривична пријава против А.К.(35) и Б.К.(33), двајцата од струшкото село Велешта, осомничени за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Како што соопшти Министерството за...

Прав играорец: Али Ахмети заигра оро на свадба во Кичево

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, беше дел од веселбата на свадба во Кичево, каде што не одолеа на ритамот на зурлите и тапаните. Во...