7.4 C
Ohrid
среда, април 2, 2025
ПочетнаМакедонијаГрадоначалничка на Скопје Данела Арсовска го раскина договорот за новогодишно украсување на...

Градоначалничка на Скопје Данела Арсовска го раскина договорот за новогодишно украсување на Скопје, кое чинеше 240.000 евра, потпишано од страна на Шилегов.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Новата градоначалничка на Скопје Данела Арсовска го раскина договорот за новогодишно украсување на Скопје.

<

Причина за раскинување на договорот, како што дознава САКАМДАКАЖАМ.МК, е можната енергетска криза и можните рестрикции во снабдувањето со електрична енергија.

Соочени со енергетската криза која е во тек, а имајќи во предвид дека државата набавува електрична енергија со драстично повисока цена, како и во согласност со Владината одлука за прогласена кризна состојба во енергетскиот сектор, сакаме да ја информираме јавноста дека Град Скопје побара раскинување на договорот со Линк медиа плус за новогодишно украсување на градот во вредност од 14.986.000,00 денари односно 243.000,00 евра“, соопштија од кабинетот на Арсовска.

Од таму додаваат дека следната година наместо досегашната практика на ненаменско трошење на парите на граѓаните и ангажирање на компанија за украсување, Град Скопје ќе набави украси кои ќе бидат сопственост на градот со што ќе се заштедат значителни средства од градскиот буџет кои досега секоја година се трошеле за еднократен годишен закуп на овие украси.

Договорот за новогодишно украсување беше склучен од претходниот градоначалник Петре Шилегов со фирмата „Линк медиа плус“ и чини 240.000 евра.

А. АНТЕВСКА сдк.мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сопственик на пекара во Нови Пазар гради зграда за самохрани мајки

Сопственикот на пекарницата „Клас“ во Нови Пазар, Сеад Бихорац, познат е по своите хумани дела. Освен што со години им дели бесплатен леб на оние...

Стерјовски: Ќе бараме да се учи македонски во Албанија

Лидерот на партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, кој е кандидат за пратеник на отворената листа на Социјалистичката партија (СП) за...

Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10%.

Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10%. Изминативе години сосема оправдано имаше критики дека платите во МВР се ниски, а очекувањата и одговорностите...

Поднесена иницијатива за смена на актуелниот претседател Перо Антиќ

Во Кошаркарската федерација на Македонија денес е поднесено барање за Вонредно собрание на кое ќе се гласа за смена на актуелниот претседател, Перо Антиќ. Иницијаторите...