13.9 C
Ohrid
недела, мај 5, 2024
ПочетнаЗабаваМерките се заоструваат: Откажан новогодишниот настап на Анета Молика, Цаки Кисми, и...

Мерките се заоструваат: Откажан новогодишниот настап на Анета Молика, Цаки Кисми, и други фолк изведувачи од Македонија

spot_imgspot_img

Најавениот настап за време на новогодишниот дочек на Анета Мицевска и групата Молика во Гетеборг, Шведска, е откажан.

Како што информираат од популарната битолска музичка група, не само нивниот настап, туку е откажан и целокупниот дочек, поради новите одлуки на тамошната власт.

Шведските власти донесоа одлука за забрана на поголеми манифестации од 50 луѓе, поради новата ситуација со корона вирусот. Се извинуваме и се надеваме дека во блиска иднина ќе помине ова лудило – истакнаа од групата.

И настапот на фолк музичарот Цаки Кисми во Швајцарија, по повод дочекот на 2022 година е откажан поради новите ковид мерки. Сепак, тој успеал да договори новогодишен настап во Италија, во Каламандрана.

Откажан е новогодишниот настап во Германија на Нена Дулева, Александар Талески и групата Круна, исто така поради заострените мерки.

Од СЗО предупредуваат дека сојот Омикрон забрзано се шири во европските земји, и повикаа луѓето да ги откажат празничните прослави, во интерес на јавното здравје.
Кај нас пак, најавени се организирани прослави во угостителски локали и ноќни клубови, а гостите ќе ги забавуваат музичари од нашата, но и од естрадната сцена од регионот.

Вики Клинчарова Фокус

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Градоначалникот Пецаков: Ви го честитам овој голем Христијански празник – Велигден и Ви посакувам, здравје, благодет и нека Христовата љубов и спокој бидат присутни...

Христос Воскресна! Навистина Воскресна! Ви го честитам овој голем Христијански празник – Велигден и Ви посакувам, здравје, благодет и нека Христовата љубов и спокој...

Во Бигорски манастир се очекува пристигнувањето на благодатниот оган

Благодатниот оган се очекува на полноќ да пристигне во Бигорскиот манастир „Свети Јован Крстител“ кога треба да започне и Велигденската богослужба. Со особена пасхална радост...

Воскресението Христово е смисла и почеток на секоја надеж!

Воскресението Христово е смисла и почеток на секоја надеж! Денес повторно нè осветли божествената слава. Денес ни беше даден дарот на мудроста. Денес уште еднаш...

Со бензин го полил казиното Адмирал во Охрид, па потоа го запалил !!!

Вечерва околу 19 часот избувнал пожар во казино Адмирал лоцирaно во центар во Охрид, кога едно лице го полило со бензин внатрешниит дел на...