Имено сега на интернет се појави теорија дека мегапопуларниот актер секогаш се разведувал од своите сопруги кога тие ќе наполнеле 33 години.
Според едни главен „виновкик“ за тоа е Скиентолошката црква чии припадник е Том.
Имено, тие веруваат дека секој од неговите сопруги се нашла на своевиден тест кој имал одреден рок. Бидејќи ниту една од неговите жени не ги исполнувала критериумите на оваа црква, бракот морал да биде прекинат.
Според Њујорк Дејли Њуз, 33 е значителен број во скиентологијата и е познат како „Господар учител“, симболизирајќи го алтруизмот.
Овие актерки биле во брак со познат актер:
Мими Роџерс беше во брак со Том помеѓу 1987 и 1990 година. Мими всушност и го вовела својот тогашен млад сопруг Том со скиентологијата и го натерала да оди на „советување“.
Втората соприга на Круз, убавата актерка Никол Кидман никогаш не станала скиентолог, поради што била окарактеризирана како проблематична, а се шпекулира дека тоа довело до развод, кој траел од 1990 до 2001 година.
Третата сопруга на Том, Кејти Холмс, била со него од 2006 до 2012 година, а во тој период ја добија ќерката Сури Круз.