19.9 C
Ohrid
недела, јуни 8, 2025
ПочетнаМакедонијаАки Рахимовски утрово се јавил кај пријател во Македонија, се договориле да...

Аки Рахимовски утрово се јавил кај пријател во Македонија, се договориле да го пречека на скопскиот аеродром

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Аки Рахимовски утрово планирал патување во Македонија и посета на мајка си.

<

Тој телефонски разговарал со пријателот Здравко Ситновски во Скопје и се договорил да го пречека на аеродромот во Македонија, пишува „Вечерњи.хр“.

Рахимовски неколку минути пред смртта му се јавил и на познатиот клавијатурист на некогашниот бенд Тајм, Тихомир Поп Асановиќ, со кој е во постојан контакт, но Асановиќ немал мобилен телефон со себе и дури подоцна видел пропуштен повик од пријателот. Тажната вест го шокираше бидејќи, како што рече, имале бројни заеднички планови.

Рахимовски почина денеска на 67-годишна возраст во Словенија. Тажната вест ја потврдија членовите на групата на официјалната страница на Фејсбук.

Неговиот менаџер изјави дека пејачот веднаш бил однесен во болница, но по неколку часа, починал, откако нагло му се влошило здравјето. Во 2018 година Аки претрпе мозочен удар, но откако поминаа неколку месеци, тој отворено зборуваше дека закрепнал од болеста и ги променил животните навики.

Рахимовски беше фронмен на групата Парни Ваљак и дел од 18 студиски албуми на .бендот Засекогаш ќе остане запаметен по песните „Јесен у мени“, „Све још мирише на њу“, „Доџи“, „Моја је пјесма лагана“, „Ухвати Ритам“… Песната „Јесен у мене“ ја запеа во дует со покојната музичка ѕвезда, Тоше Проески.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...

Фудбалерите на Србија и Албанија одиграа 0:0 во Тирана во квалификацискиот натпревар за Светското првенство.

Фудбалерите на Србија и Албанија одиграа 0:0 во Тирана во квалификацискиот натпревар за Светското првенство. Натпреварот беше обележан со ужасното однесување на албанските хулигани кои...

Наместо да лекува – Бујар Османи на работа гледа фудбал Албанија–Србија

Наместо да лекува – Бујар Османи на работа гледа фудбал Албанија–Србија Поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, кој сега повторно работи како лекар, на...