14.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаЗабаваНаучниците утврдија- Смртта е крај не постои рајот

Научниците утврдија- Смртта е крај не постои рајот

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Др. Шон Керол е професор по физика на престижниот калифорниски институт за технологија.

<

Својот живот го посветил на проучување на законите на физиката и неодамна го споделил своето знаење со колегите во научен труд.

„Секаков облик на живот после смртта не е возможен. Тоа ѝ пркоси на науката“, пишува Дејли Стар.

– Законите на универзумот едноставно не ни дозволуваат да ја одвоиме нашата свест од телото по смртта. Сè во нашиот свет може да се објасни со науката и законите на физиката – напиша тој во магазинот „Сајентифик Американ“ и веднаш продолжи:

Тврдењата дека некоја форма на нашата свест може да ја преживее физичката смрт и падот на телото се во спротивност со сè што знаеме. Не постои начин информациите, емоциите … и другите работи складирани во нашите умови да „продолжат понатаму“. Верувањето во животот после смртта, најблаго кажано, бара постоење на сосема различни природни закони од оние што ни се познати. Откако научниот свет ќе ја прифати оваа теза, тогаш можеме правилно да истражиме како функционира човечката свест, рече Керол.

Веднаш штом излезе објавата, предизвика лавина од коментари. Кои се доста поделени.

Од една страна, имаме еден куп оние кои му честитаа на докторот за неговата храброст и рекоа дека прифаќањето на овој факт е единствениот начин на кој луѓето можат да напредуваат, меѓутоа, има многу кои, најблаго речено, не се задоволни.

– Не можеме се да објасниме со помош на науката. Луѓето кои мислат така не разбираат дека животот е чудо. Според нив, ние сме само кластер од атоми што еден ден ќе престане да постои. Одбивам да ја прифатам таа етикета – напишала една навредена госпоѓа.

Еден господин, исто така, се јави, тврдејќи дека бил мозочно мртов пет минути.

– Ја гледам светлината, го видов рајот, видов драги луѓе кои веќе не се живи. Како може науката да го објасни тоа – напиша тој.

Извор Кумановски Муабети

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...