14.9 C
Ohrid
понеделник, мај 6, 2024
ПочетнаМакедонијаЧетири месеци затвор за професорот од Струга кој со боксирач нападна ученик

Четири месеци затвор за професорот од Струга кој со боксирач нападна ученик

spot_imgspot_img

Пресуда од четири месеци затвор за професорот, кој во декември минатата година со метален боксирач нападна ученик во струшкото средно училиште „Ибрахим Темо“, донесе денеска Основниот суд во Струга.

Судот го прогласи за виновен за сторено кривично дело „насилство“, а во изречената казна, ќе му биде пресметан и периодот поминат во притвор, до правосилноста на пресудата.

Неговиот адвокат Сеад Мена најави жалба, со тврдење дека доказите не се објективно оценети.

На единственото судско рочиште, кое се одржа пред една недела, сега осудениот професор Ерол Спахо, кажа дека на случајот му претходел вербална расправија со негова колешка, мајка на повредениот ученик. Посочи дека бил нападнат од ученикот во тоалетот, со тупаница на челото. Боксирачот го извадил за да го исплаши, но тој завршил во главата на ученикот.

Одбраната на професорот тогаш побара укинување на мерката притворот со образложение дека не биле исполнети објективните елементи на кривичното дело насилство.

 

– Има контрадикторни докази, особено исказите на сведоците и на оштетениот и спротивно на Обвинителството, одбраната бара обвинетиот да биде ослободен од ова кривично дело. Кривично дело има, тоа е телесна повреда, но таа се гони со приватна тужба, не по службена должност. Затоа побаравме притворот да му биде укинат и сметам дека судот ќе донесе правилна одлука, изјави по рочиштето на 3 февруари адвокатот Сеад Мена.

 

Инцидентот се случи на 23 декември минатата година во средното училиште „Ибрахим Темо“ во Струга. По нападот од професорот, ученикот бил примен на Хирушкото одделение со повреда на главата, каде по извршеното шиење е пуштен на домашно лекување. Педесет и седум годишниот професор беше приведен од полицијата, по што му беше одредена мерка притвор, а во меѓувреме по предлог на дисциплинската комисија во училиштето престана неговиот работен однос

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Прилепскиот шарпланинец Љубо стана светски Шампион.

Прилепскиот шарпланинец Љубо од одгледувачницата за шарпланинци Каравилоски го освои првото место во светот во расата шарпланинци на светското првенство кое се одржа...

Дедо Петар: Нашиот народ е мудар и знае за кого треба да гласа во среда !!

Ќе избереме добро или зло; вистина или лага; светлина или темнина; живот вечен или духовна смрт; Бога или ѓаволот?, прашува владиката Петар во пресрет...

Охриѓани ја продолжија традицијата – одиграа фудбалски натпревар стари против млади по повод Велигден!

Фудбалски натпревар кој 64-ра година по ред се игра по повод Велигден! Традиција која ја започнале жителите на Месокастро, а низ годините им се...

Да си ја сакаме државата, да го сакаме ближниот, велигденска честитка на Мицкоски

Од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ на сите верници им го честитам големиот христијански празник, Христово Воскресение – Велигден. Христовото воскресение...