11.9 C
Ohrid
петок, мај 3, 2024
ПочетнаМакедонијаПолицијата во Македонија бара повисоки плати !!

Полицијата во Македонија бара повисоки плати !!

spot_imgspot_img

БАРАЊЕ ЗА ПОВИСОКИ ПЛАТИ И ИЗМЕНА ВО ЗВР❗

Трошоците на живот во јануари биле зголемени за 6,7 проценти, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 7,3 проценти, објави вчера Државниот завод за статистика.
Одлично се расте во државата, цените растат до плафон само платата на „задоволната полиција“ на Министерот Спасовски стагнира во место. Да, 6 година е Министер за внатрешни работи и платите во Полицијата НЕ СЕ ПОКАЧЕНИ ни денар!

Министре Оливер Спасовски: Зошто ги заборави полициските службеници❗⁉️

Дозволете да Ве потсетиме дека веќе неколку години наназад ја “создадовте” и секојдневно ја промовирате паролата „Задоволна полиција безбедни граѓани“. Одтука ќе Ве запрашаме како прв човек во Министерство за внатрешни работи дали и сега откако со твојот партнер од МПС се испофаливте дека ќе има „небесно“ покачување од 5% и понатаму сметате дека имате ЗАДОВОЛНА ПОЛИЦИЈА⁉️

Зар не се срамите Министре а со тоа ја понижувате „твојата„ Полиција што МИЗЕРНИТЕ 5% наместо ВЕДНАШ, планираш да ги покачиш во Декември 2022 година и тие пари да ги земеме во Јануари 2023?????

Министре Спасовски наместо „да фарбаш фасади“, да ставаш парно греење на руинирани полициски објекти само „заради реда“, да местиш топла вода во вртоглави суми на пари, уште денес ЗАПОЧНИ да се грижиш за твојата Полиција, и започни да ја почитуваш и вреднуваш❗

Еве предлог како Ти лично ќе помогнеш во решавањето на овој проблем…

Пред донесувањето на измените од Законот за внатрешни работи од пратениците во Собранието на Република Македонија БАРАМЕ да поднесат анандман за измена на членот 144 став 1 и донесување нов став 2 од Законот за внатрешни работи кој предлагаме да гласат:

„(1)Вредноста на бодот за пресметување на платите на работниците во Министерството, се утврдува од страна на Владата, во согласност со репрезентативниот синдикат“.
(2) Владата на седница ја утврдува вредноста на бодот за секоја тековна година со писмена согласност на репрезентативниот синдикат и одлуката ја објавува секоја година во службен весник“.

Причини подради кои го предлагаме ова законско решение е тоа што со досегашното законско решение Министерот за внатрешни работи беше тој кој буквално одлучуваше за платите во Полицијата што се покажа како лош пример, и како Синдикат сметаме дека Владата како институција во иднина повеќе ќе се грижи за стандардот на вработените во Полицијата. Со јавно објавување на вредноста на бодот како што е и пракса во повеќето институции ќе се тргне дилемата за тоа колку изнесува платата во Полицијата.

Бараме и предлагаме вредноста на бодот за Полицаец навесто досегашните 29 денари , вредноста на бодот да изнесува 62 денари.®️

Да направиме од професијата „Полицаец“ една професија која ќе биде вреднувана во општеството а посебно во нашата држава. – зар ова не се Ваши зборови наш единствен и најдобар Министре Спасовски???

Еве како ќе ја направите вреднувана професијата ПОЛИЦАЕЦ❗
Стои во соопштението на Полицискиот Синдикат
Линк до објавата Тука

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Со една плата веќе не се живее: Граѓаните работат по две работи за да ги подмират основните трошоци и потреби

Веста дека потрошувачката кошничка за едно четиричлено семејство за февруари изнесувала 57.476 денари ја вознемири јавноста и го постави прашањето дали еден граѓанин може...

„Народот доаѓа по своето, по она што Али и Груби му го одзедоа, по она што Заев, Таче и Стево му го продадоа“, рече...

„Мора да почнеме поинаку да функционираме и да не молчиме пред неправдите. Мора да се обелоденуваат сите криминали и скандали. Мора да бидеме гласни,...

Уапсен скопјанец кој со ловечка пушка им се заканувал на жители на Богомила

Полициски службеници од Полициското одделение Чашка, уапсија 36 годишен скопјанец кој со ловечка пушка им се закнувал на жители од село Богомила. На 03.05.2024 во...

На денешен ден во 1945 година е утврдена македонската азбука со 31 буква

На денешен ден 1945 година, Народната влада на Демократска Федеративна Македонија, по предлог на Комисијата за јазик и правопис при Министерството за просвета донела...