12.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаКелнерите заминаа во Хрватска, мајсторите во Германија, a во Македонија нема кој...

Келнерите заминаа во Хрватска, мајсторите во Германија, a во Македонија нема кој да работи!

spot_imgspot_img

Огласите отворени понудите активни, се бараат готвачи, келнери, шанкери, собарки и друг персонал.Ама пријавени нема!Ист е случајот и со потребата од мајстори, градежни работници но и општи работници.

Сите брзаат да пополнат документи и заминат на сезонска работа. Најчесто угостителските работници одат во Хрватска велат дека и платата и условите се супер. Така за 4 месеци заработуваат доволно за да им се исплати тоа што овде ќе земат неплатен одмор или пак ќе дадат отказ, знаејќи дека по враќањето лесно може да се вработат бидејки сопствениците на локалите со душа чекаат било кој да се пријави.

Проблемот со угостителскиот сектор не успеа да се реши ниту со проектот на ХОТАМ-Само стотина лица пројавија интерес за дополнително вработување во хотелско угостителскиот сектор На прагот на туристичката сезона проблемот со недостиг на кадар се продлабочува.

„Не може да се пофалиме дека имаме некоја задоволителна бројка на пријавени. Очекувавме од 300 до 500 луѓе да побараат екстра заработка од втора работа интересот е на ниско ниво“, вели Крсте Блажески претседател на ХОТАМ. Еден готвач во земјава заработува од 30.000 до 60.000 денари нето-плата, но сепак нашите граѓани заминуваат на сезонска работа во странство.

Проектот на ХОТАМ за дополнителна заработка им овозможува на веќе вработени лица екстра да заработат преку ангажман во хотелско угостителскиот сектор од дневници со платени придонеси. Што се однесува пак до мајсторите, најчето одат „пробно„во Германија да видат дали ќе се снајдат.

Сезонски неколку месеци.Одат кај роднини или пријатели кои веќе работат во некоја компанија.Ако се погоди работата, подготвени се и целото семејство да го преселат од Македонија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Поплава во Токсикологија, водата пробила на три ката, а болницата не е осигурана

Изминатата ноќ пукнало парното на Клиниката за токсикологија на Клинички центар и вода избивала од радијатор час и половина, после што поплавени биле простории...

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...