17.8 C
Ohrid
недела, мај 19, 2024
ПочетнаМакедонијаНема криза за Македонија: Се враќа бесплатниот превоз за пензионерите !!!

Нема криза за Македонија: Се враќа бесплатниот превоз за пензионерите !!!

Град Скопје во услови на економска криза ќе троши буџетски пари за враќање на бесплатниот превоз за пензионерите.

Возрасните граѓани бесплатно ќе можат да се возат секој вторник, петок, сабота и недела. За оваа мерка од буџетот на Град Скопје се издвоени 650.000 евра и веќе се префрлени на сметка на ЈСП „Скопје“. Директорот на ЈСП, Иван Илиевски се пожали дека претпријатието се наоѓа во тешка финансиска ситуација, но мерката ја правдаше за олеснување на трошоците на граѓаните во услови на економска криза

Покрај тоа што се ослободуваат пензионерите од трошок за автобуски превоз овој тип на мерка ја уживаат средношколците чиијшто основач е Град Скопје, редовните студенти на државните универзитети како и лицата со попреченост.

Додека дд една страна се трошат пари на бесплатен превоз, од друга страна ЗЕЛС се пожали дека им требаат пари за да си ги подмират долговите и бараат финансиска помош од Влада. Вчера јавните комунални претпријатија на општините најавија дека ќе прават рестрикции на вода и нема да собираат смет оти немаат пари. И тие очекуваат пари од централната власт.

Во меѓувреме се отвора и прашањето дали со бесплатниот превоз за пензинерите и негово користење четири дена во неделата ќе се зголеми ризикот од ширење на КОВИД 19. Од Комисијата за зазаразни болести за Тв 24 велат дека на следниот состанок ќе ја разгледаат одлуката за слободен превоз на повеќе граѓани и дали тоа ќе претставува дополнителен епидемиолошки ризик.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во завршна фаза градежните активности за партерно уредување на дворот во Охридската Гимназија

Градежните активности за партерно уредување на дворот на гимназијата „Св. Климент Охридски“ кои се одвиваат во овој момeнт се во завршна фаза. Треба да...

Сиљановска Давкова назначи нов генерален секретар, познатиот новинар ќе биде негов заменик

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ги има првите кадровски решенија за во Вила Водно. Досегашниот генерален секретар Миле Бошњаковски и неговите заменици Билјана Радева и...

Деветмесечно бебе почина во Општата болница во Охрид.

Деветмесечно бебе почина во Општата болница во Охрид. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски вели дека случајот е пријавен во полиција вчера во 08:10 часот. -...

Незаконски се гради нов стадион во Тетово, имотот е на државата, а не на општината

Одлуката која што ја донел Советот на Општина Тетово во септември минатата година, со која тетовскиот градски стадион го доделил на трајно користење на...