Ме повикале од ОО СДСМ Охрид во соопштение во врска со информацијата дека се потребни околу 50 милиони денари плус од предвидените за реализација на проектот за реконструкција на булеварот „Македонски просветители”.
Господо од СДСМ,
Со ова уште еднаш го докажавте аматеризмот и класичното непознавање на работите, па вие додека ја раководевте Локалната власт немавте никаков есап и ете затоа сега се соочуваме со проблеми.
Да, за жал затоа што не се испланирало како што треба сега Општината веќе обезбедува и ќе мора да обезбеди дополнителни средства за реализација.
Не знам каде биле вашите советници на денешната 10-та седница на Советот кои требало да ви пренесат, но како и секогаш во интерес на сите мои сограѓани транспарентно посочувам за што се потребни дополнителни трошоци:
– Улично осветлување, посебен тендер каде е избран економски оператор
– Канални водови во должина од 1,4 км
– Дренажна цефка
– Поставување странично водовод
– Нова водоводна линија со нови приклучоци
– Измешана канализација, потребно беше девијација односно одвојување на водоводна и канализациона мрежа
– Дислокација на ЕВН високонапонски кабел по цела должина
– Уште 800 метри од трасата не се влезени во целиот проект, односно е потребна нова траса
– Обврска за нови садници
– Армирани бетонски плочи на тротоарите кај Рамстор, кај Судот, кај Стоковна куќа Билјана и кај пресекот за Чинарот
– Нови сливници кои се поправени
– Сигнализација за паркинзи, систем кој не беше решен
– Осветлување и хортикултурно уредување
– Дополнителен паркинг простор…
Ех, мои драги од СДСМ,
Сето ова требало да биде решено, но за жал не се сработило, па затоа само досега се платени 15 милиони денари.
Иако проектот е со финансиска поддршка од Светска банка тоа не значи дека обврските на Општината не треба да се спроведат.
Заврши времето на крадење на парите од граѓаните и времето кога граѓаните беа манипулирани и излажани од СДСМ.
Сега е време на јавно, отчетно и транспарентно работење во интерес на сите охриѓани! Напиша на соцоцијалните мрежи градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков.