10.3 C
Ohrid
вторник, март 11, 2025
ПочетнаМакедонијаДебарцаЕвроамбасадорот Жбогар оствари официјална средба со градоначалникот Зоран Ногачески

Евроамбасадорот Жбогар оствари официјална средба со градоначалникот Зоран Ногачески

spot_img

Денес градоначалникот Зоран Ногачески како домаќин остварии официјална средба со на Шефот на Делегацијата на Европската Унија, евроамбасадорот Самуел Жбогар и  амбасадорката на Програмата за развој на Обединетите Нации ( УНДП ), Нарине Сахакјан, кои беа во работна посета на општина Дебрца, а во рамките на промоција на проектот “Санација на браната на Слатинско Езеро”.

<

Во разговорот ценетите гости накратко ги запознав со личната карта на општината, особено потенцирајќи дека се наоѓаат на место каде што се среќаваат историјата, природата и културата, односно каде што можат да ја почуствуваат синергијата на слободарскиот дух, извонредното природно богатство и богатото културно наследство.

Гостите ги информирав за тековните и идните проекти, за можностите за развој, предизвиците со кои се соочуваме како локална самоуправа и притоа им изразив посебна благодарност за досегашната помош од ЕУ и УНДП за имплементацијата на повеќе проекти во општина Дебрца ( со грант на ЕУ, во рамките на проектот “Подобрување на општинските услуги” беше набавена механизација за јавното комунално претпријатие, реконструирани две улици во село Мешеишта, поставени соларни централи на три јавни објекти во општината, во рамките на прекуграничната соработка со Грција отпочнавме со проектот за зачувување на загрозените растенија во прекуграничните области, во чии рамки ќе биде реконструиран и адаптиран објект во село Белчишта во изложбен центар на Белчишкото Блато и дека имаме потврда за одобрен проект и во рамките на прекуграничната соработка со Албанија, а со грант на УНДП, во рамките на проектот “Унапредување на општинското владеење” се обезбедени 300 канти за собирање на отпад, изработен е Интегриран план за развој на општината, техничка документација за туристички содржини на Белчишкото Блато и во завршна фаза е изработката на Локален еколошки акционен план.

Поддршката од ЕУ, УНДП и другите меѓународни донатори е особено значајна за руралните општини, како нашата,општини кои се соочуваме со ограничени финансиски можности, но големи предуслови за развој на зелената економија,особено на руралниот туризам и производството на здрава храна.

Во однос на проектот “Санација на браната на Слатинско Езеро”, посебно го истакнав задоволството што  браната на Слатинското Езеро е една од петте брани што се санираат во рамките на Програмата на Европската унија за санација на штетите од поплавите, имплементирана од страна на УНДП, бидејќи станува збор за ресурс од особено значење и за кое општина Дебрца има развојни планови истото да прерасне во атрактивна еко туристичка дестинација. Во тој контекст, посебно изразив надеж дека со помош на државата и нашите европски партнери ќе се дообезбедат средства за чистење на дното на езерото и дека истото набргу ќе го видиме во неговата природна убавина и исполнето со живот.

На гостите им подарив реплика од златната маска, откриена во локалитетот “Требеништа”,кој е наше, а дел од светското културно наследство.. – изјави градоначалникот Ногачески по средбата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Васко Ковачевски и други 10 лица опфатени со истрагата за нелегална набавка на деривати

Поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, е меѓу осомничените во истрагата што ја водат Министерството за внатрешни работи (МВР) и Јавното обвинителство за организиран...

Тешка сообраќајка во Охрид: Се судрија автомобил и мопед.

Пред половина час се случи уште една тешка сообраќајна незгода помеѓу мопед и автомобил марка Форд кај селото Велгошти. Како што дознаваме со мопедот управувало...

Двојкаш меѓу кандидатите за ректор на Универзитетот „Мајка Тереза“

Двојкаш меѓу кандидатите за ректор на Универзитетот „Мајка Тереза“. ТВ Клан го објави свидетелството од втора година средно на професорот Блерим Саити, кој...

Приведени Ратко Капушевски газдата на РКМ и Асмир Јахоски сопственикот на Пуцко Петрол

Приведени Ратко Капушевски газдата на РКМ и Асмир Јахоски сопственикот на Пуцко Петрол во истрага за набавка на мазутот за ТЕЦ НЕГОТИНО и електрани,...