Дефинитивно дојде такво време кога не можеме да кажеме кој пол повеќе изневерува.
Изгледа дека мажите и жените се изедначени кога станува збор за неверства, но често се водат полемики околу тоа кој на каков начин изневерува и дали е можно да се одвојат емоциите од неверството.
Често сме зборувале и на тема на емоционално и физичко изневерување и дали всушност е можно да се одвои едното од другото.
Тоа што го покажуваат многубројните истражувања е дека мажите почесто влегуваат во афери во кои не внесуваат емоции. Нивните неверства се често само физички, додека пак жените доколку се одлучат за неверство тоа најчесто го прават со најдлабоки чувства.
Мажите во неверството не внесуваат чувства, додека пак жените ретко можат да го одделат сексот од чувствата.
Исто така постои разлика во пориви во причините поради кои е направено неверството.
Мажите се одлучуваат за неверство за да го “збогатат“ нивниот сексуален живот, да ги задоволат своите нагони и да ја зголемат самодовербата, додека пак жените изневеруваат кога не се задоволни од љубовниот живот и кога не се пазени и мазени од страна на нивниот партнер. Често тоа знаат да го направат и поради одмазда, но и кога сакаат да си ја вратат самодовербата.
Општиот заклучок е дека мажите изневеруваат поради секс, а жените поради љубов.