21.9 C
Ohrid
сабота, јуни 7, 2025
ПочетнаМакедонијаМакедонија и ги подари сухоите на Украина

Македонија и ги подари сухоите на Украина

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Четирите воени авиони „СУ-25“ што Македонија за време на конфликтот во 2001 година ги купи од Украина за четири милиони евра деновиве ѝ се донирани на Украина, дознава МКД.мк. Од Министерството за одбрана оваа наша информација не ја демантираа, ниту пак ја потврдија. Се работи за авионите што Македонија планираше да ги продаде уште во 2004 година.

<

На нашето прашање дали е точна информацијата дека Македонија, по тенковите, ѝ ги донирала и воените авиони „сухои“ на Украина, од Министерството за одбрана ни одговорија: „Точните детали за сите три одлуки, нивната содржина и објаснување ќе бидат декласифицирани и транспарентно објавени. Со досега донесените одлуки не се нарушува борбената готовност на нашата армија“.

Деновиве, по објавувањето фотографии од тенкови натоварени на камиони, Министерството за одбрана едноставно беше принудено да ја потврди информацијата за донацијата на тенкови на Украина. МО потврди дека снимките што се појавија на социјалните мрежи, на кои се гледа транспорт на тенкови, се автентични и дека се работи за тенкови што Македонија ги испраќа како донација за Украина. „Се работи за тенкови што се дел од тенковскиот баталјон на Армијата за кој е планирано да биде расформиран. Станува збор за трета генерација тенкови, кои со развојот на технологијата за неколку години би биле неконкурентни и некомпатибилни со нашите побарувања за снабдување со западна платформа”, ја информираше Министерството за одбрана македонската јавност на 28 јули.

За време на конфликтот во Македонија, во јуни 2001 година Македонија купи четири бopбeни авиони „сухој СУ-25“ од Украина, три едноседи и еден двосед. Авионите се конструирани за блиска поддршка на пeшaдиjaтa, а за време на конфликтот имаа неколку бopбeни летови како поддршка на кoпнeните дejcтва на безбедносните македонски сили.

Левица во јуни соопшти дека од свиркачи, офицери вработени во армијата, дознале дека на воениот аеродром на АРМ се врши контрола и поправки на авионите „сухои“. „Според добиените информации, овие поправки се вршат од страна на украински воени инженери, што индикативно укажува на тоа дека ова се прави за да се достават во Украина, како донација од наша страна, со цел да бидат подготвени за користење на фронтот.

Она што дополнително е загрижувачки за нашата јавност се ознаките на нацистичкиот баталјон ‘Азов’, забележани на униформите што ги носи персоналот што ги подготвува авионите“, соопшти тогаш Левица и додаде дека „со ваквото однесување Македонија си ја подрива и така лошата меѓународната позиција и директно се вмешува во специјалната воена операција во Украина“.

Во пролетта 2003 година македонското Министерство за одбрана дeкларира дека во фopмaцискиот состав на АРМ веќе нема потреба од борбените авиони, а во 2004 година авионите биле пpизeмjeни, кoнзepвирани и подготвени за продажба.

Во 2011 година во МО повторно почнало да се размислува за модернизирање на „сухоите“ според стандардите на НАТО. Но и оваа идеја пропаднала.

извор: МКД.МК

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Наместо да лекува – Бујар Османи на работа гледа фудбал Албанија–Србија

Наместо да лекува – Бујар Османи на работа гледа фудбал Албанија–Србија Поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, кој сега повторно работи како лекар, на...

Не дочека да се израдува на оваа вест: Сопругата на Игор Југ на свет донесе здраво машко дете

Во сенка на голема лична и семејна трагедија, семејството на уставобранителот Игор Југ, кој почина откако беше осуден за настаните од 27 април, доби...

Дрвокрадци уништија возило на шумската полиција

Дрвокрадци со директен судар го уништија службениот Дастер на Шумската Полициска Станица во Прилеп – напиша вечерва на социјалните мрежи заменик директорот на Македонски...

Ема Блажеска и Карина Хил – новите ѕвезди во новиот филм „Охридски Лудории”!

Уште само четири епизоди не делат од премиерата на македонскиот хит-филм Охридски Лудории! Денес успешно заврши уште едно незаборавно снимање, полно со смеа, позитивна...