15.8 C
Ohrid
сабота, мај 18, 2024
ПочетнаМакедонијаПендаровски: Како со ковид-вакцините, ЕУ да помогне и сега, за енергетска криза

Пендаровски: Како со ковид-вакцините, ЕУ да помогне и сега, за енергетска криза

Претседателот Стево Пендаровски денеска информира дека земјава и официјално веќе бара поддршка од ЕУ за справување со енергетската криза.

-Како и во времето на Ковид, за вакцините, така и сега, поради енергетската криза, ќе ја замолиме ЕУ за сличен пристап. Ние замоливме и преку нашето МНР тоа го правиме. Станува збор за криза без преседан. Земјава е високо зависна од увоз на енергенси и многу ќе ни значи, не само нам, туку на сите во регионот, ако ЕУ од своите фондови за вонредни ситуации одвои помош и за Западен Балкан, рече Пендаровски на заедничката прес-конференција со словачката претседателка Зузана Чапутова, одговорајќи на новинарско прашање.

Според шефот на државата, за енергијата, како земја која почна преговори со ЕУ имаме поинаков статус и поголемо право да очекуваме поддршка иако се уште не сме членки.

Чапутова во овој контекст потсети дека Брисел алоцираше средства за Северна Македонија во процесот на транзиција и има посебен вид помош за земјава од ЕУ. Конкретно, за енергетската криза, и словачката претседателка се согласи дека тоа е најголемиот проблем во моментов и треба да се бараат различни пристапи за дивезификација, но и да се размисли за зголемување на енергетската ефикасност, како и за максимално искористување на обновливите извори на енергрија.

-Секоја од земјите е приморана да бара нови солуции. И ние сме скоро целосно зависни од енергетските ресурси на Русија, но бараме нови и добро ни оди во тој дел, истакна Чапутова.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

49 годишен Скопјанец нападнат од својот малолетен внук.

Вчера во 22.45 часот во СВР Скопје, 49 – годишен жител на скопско село пријавил дека околу 22.00 часот во неговиот дом, по претходна...

Полуматуранти славеле крај на основно образование па го запалиле училиштето во Подгорица.

Полуматурантите од основното училиште „Владо Милиќ“ од Подгорица го запалија покривот на таа образовна установа за време на прославата со факели по повод завршувањето...

Пронашле граната, ја однеле во полициска станица во Берово

Регионалниот центар за управување со кризи – Штип денеска информира дека вчера во 12.30 часот во полициската станица во Берово било однесено неексплодирано убојно...

По повод 20 ти Мај , Денот на Пожарникарите , ТППЕ-Охрид ќе дефилира низ Охридските улици со три возила

Почитувани, По повод 20 ти Мај , Денот на Пожарникарите , ТППЕ-Охрид ќе дефилира низ Охридските улици со три возила ,со звучна и светлосна сигнализација...