Министерот за животна средина Насер Нуредини денеска не прес конференција проговори на македонски јазик. Тој беше единствен министер во Владата кој не знаеше течно да говори ниту македонски ниту албански јазик.
Во 2020 година новинарите го прашаа министерот зошто не зборува на македонски, тој тогаш одгoвори:
„Ви благодарам на прашањето, и ве разбирам многу добро, можам да се изразувам и многу добро ако сакате да знаете, ќе научам полека нормално, обврска е за мене. Албански не е баш лошо да знаете, иако сум сигурен дека не зборувате. Што се однесува до мене, во иднина ќе зборувам и на македонски“, рекол Нуредини.
Тој тогаш додал дека разбира се од она што го прашуваат новинаритe на македонски јазик.
Министерот Нуредени одлично зборува англиски, германски и италијански јазик со оглед дека неговата професионална кариера се врзува за школувањето и работата во Австрија, Германија и Велика Британија.