3.9 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаШто можат да купат граѓаните со 2.000 денари повисок минималец?

Што можат да купат граѓаните со 2.000 денари повисок минималец?

spot_img

За нешто повеќе од 2.000 денари се зголемува минималната плата од март. Таа ќе изнесува 20.175 денари. Граѓаните велат дека е добро што платите ќе се зголемат, но ова покачување нема да промени многу во нивното секојдневие. Сметаат дека за достоинствен живот платите и натаму треба да растат. Со 2.000 денари плус помладите велат дека би си купиле некое парче гардероба, а оние кои имаат деца за издржување, приоритет им се сметките и храната- Јавува Фактор.Мк
„И за 4.000 денари да се зголемат платите, пак е малку. Со 2.000 денари, самец ќе може да живее 4 дена, но не може повеќе“, вели Златка Георгиевска, граѓанка.

Друга жена вели дека со покачувањето од 2.000 денари, граѓаните можат да набават повеќе намирници од претходно, но семејниот буџет повторно ќе биде тенок.

„Живеам сама, сметката за струја ми е 1.800 денари, така што со тие пари можам да си платам една сметка. Треба уште да се покачуваат платите“, додава Вера Петрушевска, граѓанка.

Рубинчо Аризанкоски, Програмски координатор и администратор во Здружение Достоинствен Работник Прилеп вели дека граѓаните нема да почувствуваат некоја голема разлика, затоа што имаме големо покачување на цените на производите и услугите.

„Зголемувањето на минималецот од 2.000 денари нема да промени многу, затоа што неоправданото зголемување на цените плус повеќе ги осиромашува граѓаните и работниците. Профитите на алчните газди во целост ја подгреваат инфлацијата, а не пак да им ги зголемат платите на работниците со кои едвај го преживуваат тековниот месец. Почитувањето на законската обврска и регулатива од страна на работодавачите мора да биде во целост, а не делумно. Според статистиката вредноста на минималната кошница за месец февруари изнесува 51.000 денари за четиричлено семејство, а од друга страна зголемуваме минималец за 2.000 денари кој не допира до вредноста на цените од секојдневниот живот на граѓаните. Се бориме за да преживееме“, вели Аризанкоски.

Oд Министерството за труд и социјална политика информираа дека зголемувањето на минималната плата ќе биде за 12,55 отсто, односно истата од месец март ќе изнесува 20.175 денари. Додаваат дека со измените на законот за минимална плата, донесени во март 2022 година, се воспостави нова методологија, која е системско решение и кое значи постојан раст на минималната плата. Секоја година во месец март минималната плата се усогласува согласно податоците од Државниот завод за статистика, и тоа 50 отсто од порастот на трошоците за живот и 50 отсто од порастот на просечната плата од измината година
Извор: Фактор.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На универзитет во Солун се говореше за македонистиката, на македонски јазик

Насловна / Балкан • Македонија Објавено на: December 23, 2024 На универзитет во Солун се говореше за македонистиката, на македонски јазик t За првпат се случува конференција на...

Бајден помилуваше 37 од 40 затвореници осудени на смртна казна

Американскиот претседател Џо Бајден денеска им ги преиначи казните на 37 од 40 федерални осуденици на смрт во доживотен затвор без можност за условно...

Трамп: Во САД ќе има само два пола – машки и женски

Официјалната политика на САД ќе биде да има само два пола – машки и женски. Ова им го соопшти новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп,...

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...