26.9 C
Ohrid
недела, јуни 8, 2025
ПочетнаUncategorized @mkГи повикуваме Македонците во Голо Брдо, Мала Преспа, Гора, Врбник, како и...

Ги повикуваме Македонците во Голо Брдо, Мала Преспа, Гора, Врбник, како и на целата територија на Република Албанија на пописот на населението во септември годинава без страв да се изјаснат дека се Македонци.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Македонските здруженија во Албанија започнаа кампања „Главата горе – изјасни се дека си Македонец“. Албанија се спрема да го пребројува населението на средината на септември, а македонското друштво “Илинден“-Тирана веќе објави повик до сите Македонци во Албанија, да се изјаснат дека се Македонци, за, како што пишува, да го зачуваат својот македонски идендитет.

<

– Ги повикуваме Македонците во Голо Брдо, Мала Преспа, Гора, Врбник, како и на целата територија на Република Албанија на пописот на населението во септември годинава без страв да се изјаснат дека се Македонци и дека мајчин јазик им е македонски. Така ќе го зачуваат својот македонски идентитет во Република Албанија. – велат од Македонското друштво „Илинден“ – Тирана.

Претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај за МИА, вели, дека е време да се подигне свеста кај Македонците, кои главно се концентрирани во Мала Преспа, Гора, Голо Брдо, но, вели дека ги има по неколку десетина илјади и во други градови низ земјата. Нагласува дека Албанија признава Македонци само во Мала Преспа и затоа, вели, време е Македонците да се изјаснат на пописот, дека ги има низ целата држава.

– И покрај барањата во континуитет по падот на тоталитарниот режим, се уште на Македонците не им се признава статус на малцинство на целата територија на Албанија. Но, без оглед на тоа многу меѓу Македонците чувствуваат и страв и не се изјаснуваат она што се. Буквално се плашат да кажат дека се Македонци, за да не бидат санкционирани, посебно оние кои работат или добиваат некаква социјална помош. – вели Никола Ѓурѓај претседател на „Илинден“ – Тирана.

Во изминатиот период Македонците од Албанија, континуирано се жалат и на тивка буграска асимилација и притисок од Бугарија, велат дека главното ветување се бугарски пасоши. Пред еден месец, за време на официјалната посета на Скопје, на шефицата на албанската дипломатија Олта Џачка, ТВ 24 ја праша дали Тирана ќе замижи пред официјална Софија, со оглед на тоа што и Албанија ги стартува преговорите со ЕУ? Тогаш Џачка одговори дека тие никогаш не замижале за некој процес за кој сметаат дека е неправичен и порача дека во Албанија има спорадични случаи на бугарска асимилација на Македонци, а Тирана навремено и брзо ќе ги споделува информациите со Скопје.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...

Фудбалерите на Србија и Албанија одиграа 0:0 во Тирана во квалификацискиот натпревар за Светското првенство.

Фудбалерите на Србија и Албанија одиграа 0:0 во Тирана во квалификацискиот натпревар за Светското првенство. Натпреварот беше обележан со ужасното однесување на албанските хулигани кои...

Наместо да лекува – Бујар Османи на работа гледа фудбал Албанија–Србија

Наместо да лекува – Бујар Османи на работа гледа фудбал Албанија–Србија Поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, кој сега повторно работи како лекар, на...