10 C
Ohrid
среда, април 16, 2025
ПочетнаМакедонијаФилипче: Додека бев министер за здравство не се случило за некој...

Филипче: Додека бев министер за здравство не се случило за некој пациент нема лек.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Поранешниот министер за здравство Венко Филипче денеска пред членовите на Анкетната комисија за случајот на Онкологија рече дека пред да стане министер, имало систем со кој не се знаело какви лекови се даваат, особено за пациентите со малигни болести и за дијабетичарите, но дека законот е променет и оттогаш лековите се увезуваат по европски критериуми.

<

Паралелниот увоз на лекови кој постоел до 2018 година, како што посочи, овозможувал лековите што влегуваат во државата да бидат без сертификат за квалитет.

За тоа што биле набавувани лекови на реверс, Филипче рече дека тоа било направено за пациентите да не останат без лек.

– Реверсот е за пациентите да не останат без лек. Во јануари имате 100 пациенти со една дијагноза. Во март дошле 20 нови, а првите 100 мора цела година да го примаат лекот. Затоа е земан реверсот. Не го оправдувам тоа, ама нема што да прават. Ќе останеле пациентите без лек. Системот треба да се смени – рече Филипче.

За поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев рече дека е одличен професионалец и дека ако постои сомнеж во неговата работа, тоа треба да се истражи.

Пред пратениците Филипче рече дека не бил запознаен со КАТО-системот кој со години е неупотребуван на Онкологија. За време на неговиот мандат, како што рече, немало пропусти во работата на Клиниката.

Филипче рече дека додека тој бил министер за здравство до него не стигнало информација дека за некој пациент нема лек.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Благодарение на Стојанче, шахтата во Аеродром доби капак !!!

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) попладнево информираа дека е затворена шахтата што беше отворена спроти Трговскиот центар Скопјанка. Голема благодарност до службите во...

Меѓу уапсените 7 полицајци е и командирот на полициската станица Кочани

Командир на ПС Кочани кој бил на чело на станицата за време на пожарот, а е еден од разрешените полицајци по трагедијата е меѓу...

Бесплатно ѓомлезе во Охрид и Струга по повод големиот христијански празник Велигден за фамилии што не можат да си дозволат.

! ХУМАНИТАРНА ВЕЛИГДЕНСКА АКЦИЈА ! „Ѓомлезе со љубов!“ По повод големиот христијански празник Велигден, со љубов и добрина од срце подготвуваме и донираме домашно ѓомлезе од...

Курти поднесе оставка од функцијата премиер на Косово

Премиерот на Косово, Албин Курти, денес поднесе оставка од функцијата премиер, а својата одлука ја објави преку писмо испратено до Секретаријатот на Собранието на...