21.9 C
Ohrid
недела, мај 26, 2024
ПочетнаМакедонијаУтре во Скопје симулација на земјотрес – ќе има и посебен сообраќаен...

Утре во Скопје симулација на земјотрес – ќе има и посебен сообраќаен режим!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека поради симулациска вежба во итна ситуација–земјотрес насловена како „Хуманитарен одговор 2023“ во организација на Црвен Крст на РСМ и под покровителство на Претседателот на државата во Градски парк Скопје, на 18.10.2023 (среда) во периодот од 9 до 14 часот ќе бидат затворени за сообраќај бул.„Илинден“ од крстосница со бул. „Св. Климент Охридски“ до крстосница со ул.„Франклин Рузвелт“ и од крстосница со ул.„Бледски договор“ до крстосница со ул.„Никола Тесла“, ул.„Наум Наумовски Борче“, во продолжение ул.„Јордан Хаџиконстантинов-Џинот“ до крстосница со ул.„Ленинова“ (ул.„Аминта 3-ти)“, ул.„Ристо Шишков“ од крстосница со ул.„Наум Наумовски Борче“ до крстосница со ул.„Ленинова“, сообраќајниците околу градски стадион Тодор Проески и бул.„8-ми Септември“ од крстосница со бул.„Илинден“ до сервисна улица за влез во х.Александар Палас.

Од тие причини Единица за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

општина Гази Баба оваа година доделува 1.800.000 денари финансиска поддршка за фудбалскиот клуб Вардар.

1.800.000 ДЕНАРИ ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА ФК ВАРДАР Со задоволство сакам да објавам дека општина Гази Баба оваа година доделува 1.800.000 денари финансиска поддршка за фудбалскиот...

Бислимовски: Работиме на продолжување на евтината тарифа на струјата !!

Домаќинствата летово може да добијат зголемување за еден час на евтината тарифа, во моментов се прават анализи како може да се искористи евтината струја...

Седеле на иста маса во кафуле во Охрид, а потоа ја истепале

На 26.05.2024 година во 00.30 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во угостителски објект на улицата „Св.Климент Охридски“ во Охрид, две малолетни лица...

На денешен ден починал народниот херој, Цветко Узуновски.

НА ДЕНЕШЕН ДЕН ПОЧИНАЛ НАРОДНИОТ ХЕРОЈ ЦВЕТКО УЗУНОВСКИ Уште на 12 години заминува да учи занает во Белград. Како занаетчиски работник, во 1934 година се...