16.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаМакедонски фудбалски клуб вечерва продаден за 600.000 евра

Македонски фудбалски клуб вечерва продаден за 600.000 евра

Вториот најтрофеен фудбалски колектив кај нас, екипата на Работнички, од денеска и официјално има нов сопственик, откако Македонска берза денеска објави дека се продадени сите акции на овој клуб.
Станува збор за турската компанија Џевахир, која акциите на дебармаалци ги плати дури 24 пати поскапо во однос на номиналната цена. Една акција на скопскиот клуб е продадена за 2.400 евра иако нејзината номинална вредност била проценета на 100 евра што значи дека новиот сопственик го купил Работнички за вкупна сума од 600.000 евра.

Групацијата Џевахир има големи амбиции со Работнички, односно сака клубот експресно да се врати во врвот на македонскиот фудбал, да се брка шампионската титула и повторно да играат важна улога во Европа од која финансиски бенефит би имал клубот. „Романтичарите“ во изминативе години се далеку од врвот, а во последнава сезона дел од мечевите не ни ги играа на Националната Арена, па со доаѓањето на новите газди, најавите се дека бившиот македонски првак повторно сите мечеви ќе ги игра на нашиот најголем стадион.

Работнички веќе шест години е само просечен прволигаш, откако во 2016 година четврти и последен пат освои трофеј (Купот на Македонија) и играше важна улога во европските натпревари со плејоф во Лига Европа, а до 2017 година според рејтинг беше најдобриот македонски европретставник. Подоцна, најтрофејниот Вардар ги надмина со пласманот во групите во Лига Европа една година потоа. Скопскиот тим е четирикратен првак од 2005, 2006, 2008 и 2014 година, а четирипати го освои и Купот во 2008, 2009, 2014 и 2016 година. Во Европа еднаш играше последна фаза од квалификации за пласман во ЛШ, а двапати дојде до плејоф за пласман во Лига Европа.

Работнички е вториот македонски клуб кој годинава ја менува сопственичката структура, откако пред неполн месец италијанско-американскиот холдинг „Брера“ за 600.000 евра ја купи Академија Пандев и почна со процесот на ребрендирање и промени во организациската структура, исто така со силни амбиции да се нападне титулата и пред сѐ да се излезе во Европа

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...