Во објектот на контролата на летање пред малку дошле неколку возила од кои излегле неколку лица и нападнале вработени во контролата на летање, а обезбедувањето не реагирало воопшто.
Тасевски од М-НАВ: Непознати лица нападнале вработени во објектот на контролата на летање, никој не ги спречил
04/01/2024 – 16:28117
Од: Орце Костов
SHARE
Во објектот на контролата на летање пред малку дошле неколку возила од кои излегле неколку лица и нападнале вработени во контролата на летање, а обезбедувањето не реагирало воопшто.
Ова го објави претседателот на Синдикатот на контролори на летање во државната М-НАВ, Александар Тасевски на својот профил на социјалните мрежи додавајќи дека случајот е пријавен во полициската станица во Петровец, а запознат е и министерот за внатрешни равоти Оливер Спасовски.
„Бидејќи во моментов немам време секој медиум посебно да го известам, го користам мојот профил кој што знам дека голем број на медиуми во моментот го следат за да известам дека пред пред околу 30 минути во објектот на контрола на летање дошле неколку возила од кое излегле неколку лица кои влегле во објектот на контрола на летање и предизвикале караница и нападнале вработени во контролата на летање, мои колеги. Случајот е пријавен во полициска станица Петровец, запознати се и министерот транспорт и врски и министерот за Внатрешни работи.
Возилата влегле без да бидат спречени од страна на обезбедувањето кое е од надворешна фирма на која според наши сознанија и е истечен договорот од пред извесно време а немаме информација дали им е продолжен повторно. Од друга страна не реагирало ни обезбедувањето на М-НАВ кое се наоѓа во самиот објект
Овој акт на насилство не само што претставува закана за секој еден професионалец во контролата на летање туку и за безбедноста во авијацијата кога секој еден може од надвор да влезе во објектот и да нападне вработени кои во тој момент извршуваат работни обврски“, објави Александар Тасевски.