22.9 C
Ohrid
сабота, мај 18, 2024
ПочетнаМакедонијаСе огласи доктор Бобан Вучевски: Пукањето било внатре во болницата, едно од...

Се огласи доктор Бобан Вучевски: Пукањето било внатре во болницата, едно од лицата е во покритична состојба

Докторот Бобан Вучевски вечерва излезе пред медиумите и проговори за физичката пресметка во тетовската болница во која било користено огнено оружје. Тој рече дека двете лица биле пациенти во болницата, бидејќи се лечеле од повреди кои претходно во текот на денот ги добиле од меѓусебната пресметка. Двајцата повредени се во критична состојба и се испратени на скопските клиники.

„Во 18 часот дошло до тепачка со огнено оружје, при што биле повредени две лица и тоа наши пациенти. Едниот беше во покритична состојба, интервениравме и со екипа за реанимација и анестезија беше префрлен на Клиниките во Скопје. Вториот пациент, исто така повреден, е во постабилна состојба. Нашите торакални хирурзи му поставија торакален одвод за да го стабилизираат и исто така беше испратен на Клиниките „Мајка Тереза“ Скопје“, вели Вучевски.

За тоа дали пресметката била внатре во болницата, Вучевски потврди и истакна дека нема други повредени.
Да, внатре во болницата. Нема повредени лица. Во моментов екипа на МВР и Обвинителството работат на случајот. Се е стабилно“, рече Вучевски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во завршна фаза градежните активности за партерно уредување на дворот во Охридската Гимназија

Градежните активности за партерно уредување на дворот на гимназијата „Св. Климент Охридски“ кои се одвиваат во овој момeнт се во завршна фаза. Треба да...

Сиљановска Давкова назначи нов генерален секретар, познатиот новинар ќе биде негов заменик

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ги има првите кадровски решенија за во Вила Водно. Досегашниот генерален секретар Миле Бошњаковски и неговите заменици Билјана Радева и...

Деветмесечно бебе почина во Општата болница во Охрид.

Деветмесечно бебе почина во Општата болница во Охрид. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски вели дека случајот е пријавен во полиција вчера во 08:10 часот. -...

Незаконски се гради нов стадион во Тетово, имотот е на државата, а не на општината

Одлуката која што ја донел Советот на Општина Тетово во септември минатата година, со која тетовскиот градски стадион го доделил на трајно користење на...