15.9 C
Ohrid
сабота, мај 18, 2024
ПочетнаМакедонијаИ покрај тоа што коронавирусот коси се пред себе Македонците се интересираат...

И покрај тоа што коронавирусот коси се пред себе Македонците се интересираат за дочекот на Новата Година во странство.

Состојбата и препораките се менуваат од ден во ден, но сепак има интерес за патувања надвор од земјава за новогодишните празници – велат од повеќе познати туристички агенции во земјава. И покрај лошата состојба со корона вирусот и преполните болници, голем број на граѓани не се откажуваат од дочекот на новата година во хотели во странство пишува ФОКУС.

Достапни биле пакет аранжмани во Србија, најголем бил интересот за хотелите во Копаоник и Белград, како и понуди на повеќе локации во Турција.

-Во Србија и Турција барем засега не се бара негативен тест за влез во земјата, можеби и поради тоа има поголем интерес за овие дестинации. Има понуди за секој џеб, на пример аранжман за дочекот на новата година во Истанбул, се патува со автобус, цената за две ноќи е 150 евра. Слични цени има и за аранжмани во Србија, граѓаните се јавуваат, се интересираат, но сепак повеќето се одлучуваат да причекаат уште некое време, да видат како ќе се одвива состојбата со пандемијата, за да одлучат дали конечно ќе уплатат- појаснуваат од популарна туристичка агенција од Скопје.

 

Додаваат дека во понудите за празничните патувања во Турција со кои располагаат, нема детали за организиран дочек на новогодишната ноќ во хотелите, што најверојатно значи секој сам да одлучи каде ќе го помине дочекот, дали во хотелска соба или пак на плоштад, во зависност од тоа какви мерки ќе бидат актуелни во тој период. Во Србија пак, голем број на познати музичари веќе започнаа на своите официјални страници да ги откриваат локалите во кои ќе настапуваат за време на новогодишната ноќ. Од агенциите со кои стапивме во контакт велат дека немаат детали дали во хотелите кои ги нудат во Србија ќе има дочек со жива музика, бидејќи е рано да се каже, но дури и под услов да треба да ја поминат новогодишната ноќ во соба, голем бил бројот на заинтересирани граѓани кои планирале за празниците да патуваат надвор од земјава.

-Се јавуваат, има интерес. И за понуди во Бугарија се прашува, и покрај тоа што за таму е потребен негативен тест при влез во земјата. Но, барем засега, повеќето случаи остануваат само на барање на информации, и се решаваат да причекаат уште некоја недела, да се види во кој правец ќе се движи состојбата со пандемијата, пред конечно да одлучат да уплатат за патување. Неизвесноста е тука, ама тука е и желбата да се прошета, барем за празниците – велат од агенциите.

Извор: Фокус за повеќе детали на линкот

Македонците и во ек на панедмија се интересираат за новогодишен дочек во странство

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицотакис: Новата Влада да го користи само името Северна Македонија во и вон земјата, во спротивно ќе има проблеми во односите и со Грција...

Сакам уште еднаш да испратам порака со предупредување до новата Влада, да ја смени позицијата и да го користи само името Северна Македонија во...

Полициски службеник фатен со над 10.000 евра мито, се испитува кај кого требало да завршат парите

Овластено службено лице, вработена како Виш аналитичар во скопска полициска станица е лишено од слобода под сомнение за сторено кривично дело измама со обележани...

49 годишен Скопјанец нападнат од својот малолетен внук.

Вчера во 22.45 часот во СВР Скопје, 49 – годишен жител на скопско село пријавил дека околу 22.00 часот во неговиот дом, по претходна...

Полуматуранти славеле крај на основно образование па го запалиле училиштето во Подгорица.

Полуматурантите од основното училиште „Владо Милиќ“ од Подгорица го запалија покривот на таа образовна установа за време на прославата со факели по повод завршувањето...