12.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаАвстралијаАвстралиец поминал 19 години во затвор, сега доби 4,8 милиони долари

Австралиец поминал 19 години во затвор, сега доби 4,8 милиони долари

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

74-годишниот Дејвид Истман, кој поминал 19 години невин во затвор за убиство на полицаец, од Австралија доби 4,8 милиони долари отштета, јави Би-би-си.

<

Истман бил осуден на доживотен затвор во 1995 година, поради пресуда дека шест години претходно го убил Колин Винчестер, припадник на австралиската федерална полиција.

По низа жалби, одлучено е дека немал фер прво судење и во повторното судење од минатата година е прогласен за невин. Убиството на Винчестер останува нерешено.

Истман на суд рече дека немал можност да создаде семејство или кариера затоа што бил затворен. И додека бил во затвор, неговата мајка и двајцата помлади браќа починале.

„Тој изгуби значаен дел од животот“, рече неговиот адвокат, Сем Тиерни.

Винчестер бил застрелан двапати во главата пред семејниот дом во Канбера, а Истман, кој во тоа време работел како државен службеник, е осомничен за убиството, бидејќи претходно му се заканувал на убиениот.

По неговото апсење, Истман поминал 19 години во затвор и повеќепати неуспешно се жалел – 1999, 2000, 2001, 2005 и 2008 година.

Но, последниот пат, во 2014 година, судот му ја одобри жалбата и донесе пресуда дека Истман претрпел огромна неправда заради користење на погрешни докази за време на судењето.

Второто судење одржано минатата година, во кое учествувале повеќе од 100 сведоци, довеле до тоа Истман да биде ослободен.

Тој потоа го поднесе своето барање за надомест на оштета.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...