5.9 C
Ohrid
четврток, декември 19, 2024
ПочетнаМакедонијаКсао Јанг фасцинирана од Македонија направи фотографии кои го заобиколија светот.

Ксао Јанг фасцинирана од Македонија направи фотографии кои го заобиколија светот.

spot_img

Ксао Јанг е самоука урбана фотографка која живее во Пекинг, Кина. Студирала и работела како дизајнерка за корисничко искуство во неколку интернационални компании како Мајкрософт, Моторола и Алибаба.

Како пасионирана обожавателка на патувањата, таа сега работи за кинеската туристичка компанија Qyer.com, кој е еден од најголемите и со најголем број посетители туристички сајт во Кина, кој е фокусиран на прекуморски патувачки услуги за независни патници.

Комбинацијата од страст кон патување и фотографија Ксао ја однесла во повеќе од 20 земји ширум светот. Фотографијата не е целовремена работна обврска во нејзиниот живот, туку повеќе целовремена опсесија и страст.

Како фотографка која е „навлечена“ на ноќната фотографија и сликањето со светлина како уметнички ефект, истражувањето на зафрлени објекти и места е една од главните преокупации на нејзините фотографии.

Во рамки на нејзините патувачко-фотографски истражувачки искуства и авантури, ја посети и Македонија, правејќи импресивни ноќни фотографии од некои запуштени и руинирани хотелски капацитети, културно-историски споменици и други интересни места.

  

          

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На денешен ден во Небрегово пред 103 г. е роден Блаже Конески, еден од најистакнатите македонски дејци, писател, поет и научник

На денешен ден, пред 103 години во прилепското село Небрегово, е роден академик Блаже Конески, еден од најистакнатите македонски културни дејци, писател, врвен поет...

Казни за Детска клиника и за директорот Мемеди бидејќи не образложиле зошто е одбиен прием на седуммесечното бебе кое почина

Казна за Детската клиника и директорот Реџеп Мемеди, поради тоа што не издале писмено образложение зошто е одбиено седуммесечното бебе кое почина на 15....

Ѓорѓиевски: Храната во Македонија не е скапа, имаме најевтин леб во Европа

Горан Ѓорѓиевски, потпретседател на Сојузот на стопански комори, вчера во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 кажа дека не се согласува со тоа дека имаме најскапа...

Општина Охрид подготви богата забавна програма по повод претстојните новогодишни празници.

Општина Охрид подготви богата забавна програма по повод претстојните новогодишни празници. На 30-ти декември на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ во 20 часот публиката ќе...