Рано утринава полицијата пронајде оружје скриено во објект во околината на Арачиново. Според неофицијални информации запленети се 11 парчиња автоматско оружје, а се проверува поврзаноста со криминалната група од Арачиново чии членови беа приведени неделава. Се проверуваат и траги од ДНК и отпечатоци.
Акцијата продолжува и денеска. Единици на МВР се со засилено присуство на повеќе локации во земјата.