16.9 C
Ohrid
сабота, април 12, 2025
ПочетнаМакедонијаПознати и успешни Македонци низ светот

Познати и успешни Македонци низ светот

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Од професионални безјбол играчи, сопственици на познати ресторани и професионалци во кревање тегови. Овие светски познати имиња се Македонци.

<

 

 

Кевин Кузманов – професионален бејзбол играч

Познати и успешни Македонци низ светот #2

Кевин Кузманов на бејзбол теренот

Роден е во Њупорт Бич, во Калифорнија, на 25 јули 1981 година, а израснал во Евергрин, Колорадо. Тој е еден од четворицата професионални играчи кои успеале да направат grand slam home run, односно home run при првото топче упатено кон нив во сезоната. Познат е под псевдонимот „Македонската машина“. Моментално игра за Оукленд Атлетикс, а кариерата ја започнал во Кливленд Индијанс. Тој припаѓа на третата генерација Кузманови, иселеници од Македонија, а неговиот прадедо бил бејзбол судија на почетокот од минатиот век.

Џон Битов и фамилијата – бизнисмени

Познати и успешни Македонци низ светот #2

Десно (Џон Битов) и во средина (Џон Битов Јуниор)

Џон Битов (Сениор) е роден во 1928 година во Торонто, Канада. Тој е еден од најуспешните канадски бизнисмени, чија сопственост се синџирот на ресторани „Big Boy“ и „Roy Rogers“, како и уште неколку други ресторани ширум земјата. Во 1982 година неговите компании ја добија лиценцата за кетеринг на канадскиот аеродром, а наредната година лиценцата за послужување пијалоци и храна на стадионот „Toronto’s SkyDome“, сегашен „Rogers Centre“. Со тоа корпорацијата Битов стана една од најголемите канадски компании кои работат со храна. Неговиот син Џон Битов Јуниор е роден во 1960 година, исто така во Торонто. Тој е сопственик на телекомуникациската компанија „Mobilicity“ и е акционер во Канадското сателитско радио. Основач е на НБА тимот „Toronto Raptors“ и е креаторот на спортскиот центар „Air Canada Centre“.

Питер Џорџ – освојувач на златен олимписки медал во кревање тегови.

Познати и успешни Македонци низ светот #2

Летни олимписки игри во Мелбурн, Австралија

Питер Џорџ е роден на 29 јуни 1929 година во Акрон, Охајо, а неговите родители Трајан и Параскева биле доселеници од Македонија. Во 1948 година, на летните олимписки игри во Лондон, успеал да го освои сребрениот медал во кревање тегови во машка конкуренција до 75 килограми. На следните летни олимписки игри, во 1952 година во Хелсинки го освоил златниот медал во истата категорија. Четири години подоцна, на олимписките игри во Мелбурн го повторил успехот од Лондон. Тој исто така бил првиот кој успеал на само 15 години да крене тежина од 136 килограми, а во периодот од 1947 до 1952 освоил и 5 државни шампионски титули.

Ѓорги Маленков – поранешен водач и премиер на Советскиот Сојуз

Познати и успешни Македонци низ светот #1

Верувале или не, Македонец го предводел Советскиот Сојуз по смртта на Јозеф Сталин, во периодот од март до септември, 1953 година, а истиот човек потоа станал премиер и оваа функција ја извршувал до март 1955 година. Неговото име е Ѓорги Маленков. Роден е во Оренбург, Русија, а неговите родители биле чисти Македонци. Починал на 14 јануари 1988 година, на 86-годишна возраст од природна смрт.

Мајк Илич – милијардер и успешен бизнисмен во САД

Познати и успешни Македонци низ светот #1

Можеби едно од најактуелните и најпознати имиња на оваа листа, токму поради фактот што пред неколку дена го купи НБА тимот Detroit PistonsМајк Илич, роден како Мајкл Илиевски во 1929 година, се наоѓа на 655-то место на листата на најбогати луѓе во светот според Форбс. Тој е сопственик и на бејзбол тимот Detroit Tigers и на хокеј клубот Detroit Red Wings, но главниот извор на неговата финансиска моќ доаѓа од синџирот на пица ресторани Little Caesars Pizza. Овој синџир е четврти по големина во САД, со 2000 ресторани низ државата.

Ед Јовановски – професионален хокеј играч во Канада

Познати и успешни Македонци низ светот #1

Ед Јовановски е роден во Виндзор, Онтарио, Канада. Неговите родители се доселеници од Македонија, а пред да се преселат, неговиот татко Костадин, бил професионален фудбалер во Југославија. Кариерата ја започнал во Florida Panthers каде што бил драфтуван како прв пик во 1994 година. Моментално настапува за Phoenix Coyotes, а заедно со канадската репрезентација имаат освоено златен медал на зимските олимписки игри во Солт Лејк Сити во 2002 година и 2 сребрени медали во 2005 и 2008 година на светските првенства во Австрија и на домашен терен.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ни мртвите немаат мир: Два дена по ред машко и женско лице крадат од гробот на Ѓорѓи.

Два дена по ред машко и женско лице крадат од гробот на Ѓорѓи. Украдени се ангелчиња украси, цвеќињата, ја украле водата па дури и...

Богојески ќе тужи самонаречени „новинари поврзани со сдсм и дуи“, ширеле лажни информации и материјали против него

Петар Богојески ќе отпочне правна постапка пред надлежните институции против правни и физички лица, меѓу кои се и „одредени политички партии, нивни функционери, невладини...

Упасени се Шабан Салиу, Ваљон Сарачини, Беким Незири – проширена истрагата за пожарот во Кочани

По наредба на Обвинителството, полицијата денеска апси поранешни високи функционери и прибира докази, зашто ја проширува истрагата за катастрофалниот пожар во дискотеката во „Пулс“...

Донација од Бугарија за градската општа болница во Кочани.

Во текот на вчерашниот ден Фондацијата „Гората. Бг“ од Република Бугарија донираше медицинска опрема за Општа болница со проширена дејност – Кочани. ЗУ Општа болница...