Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим- Цветници денес се одбележа со богослужба во македоснкиот православен храм Света Петка во Рокдајл каде се одржа свечена литургија пред повеќе македонски верници
После воскресението на Лазар, Господ Исус Христос денес торжествено влегува во Ерусалим, поздравуван од народот со извици: Осана во висините, Благословен е Оној кој доага во името на Господа, Царот Израилев. Христос седнат на осле, младо магаренце, како смирен Спасител на родот човечки, влегува во Ерусалим, славен од сите како Цар Израилски, за после 5 дена да биде предаден во раце цовецки и да биде распнат. Да се потрудиме ние да го дочекаме Христа во нашите срца, да го примиме Христа во Јерусалим кој е во нашите срца, но и да се потрудиме да помниме дека он е нашиот Цар и Спасител кој доага во Името на Господа и кој нетреба да го распнуваме веднаш по дочекувањето. Да се потрудиме да го чуваме и да го славиме постојано со Богодолични извици, како оние од устите на младенците, Осана во висините.
Фото и текст , Света Петка Рокдаил