15.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаДебарцаУште една убава вест: Градоначалникот на Дебрца Зоран Ногачески доби награда за...

Уште една убава вест: Градоначалникот на Дебрца Зоран Ногачески доби награда за најдобри практики за заштита на животната средина

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Градоначалникот на Дебрца Зоран Ногачески доби награда за најдобри практики за заштита на животната средина на 86-тиот Меѓународен саем кој се одржува во Нови Сад, Србија.Фотографија на Зоран Ногачески - Градоначалник на Дебрца.

<

Уште со доаѓањето на функцијата, градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески се зафати со решавање на дел од најголемите проблеми со кои се среќава оваа мала, но пребогата со природни убавини и реткости општина, на што можат да и` позавидат и далеку поголеми од неа. Еден од најголемитe предизвиci беше справувањето со идејата за изградба на регионална депонија на територијата на општината. Ногачески и неговиот тим беа децидно против оваа идеја, која ќе значеше и загадување на недопрената природа во општината и ќе имаше далекусежни последици во иднина.

Во насока на зачувување на околината, општината спроведува редовно и континуирано чистење на општината од мини депонии, во насока на чиста и зелена општина Дебрца. Сите овие еколошки активности се одвиваат под мотото „Не фрлај, не загадувај! Немаш изговор!“. Општина Дебрца неодамна отпочна со постапка за изработка на Локален еколошки акционен план (ЛЕАП), документ кој претставува највисок локален стратешки документ за управување и заштита на животната средина на ниво на општина. ЛЕАП документот претставува основа за планирање на заштитата на животната средина во период од 6 години, преку проценка на моменталната состојба, идентификација на проблеми, дефинирање на мерки за заштита, зголемување на јавната свест и следење на имплементацијата.

Наградата за Ногачески е дотолку поважна, затоа што станува збор за најголемиот агробизнис настан во овој дел на Европа, а кандидатите за наградите, се номинираат по препорака на еминентни експерти во областа, научни и општествени институции и организации, економски комори и граѓански организации, кои имаат увид во резултатите и придонесот на потенцијалните кандидати за наградата во агробизнисот.

Меѓународниот земјоделски саем започна во саботата, на 11-ти мај во Нови сад, Србија. Ќе се претстават 1.518 фирми, институции и организации од 32 земји, кои ќе презентираат производи и услуги од 61 држава. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Зоран Ногачески

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...