14.9 C
Ohrid
сабота, јули 12, 2025
ПочетнаИсторијаДушко Попов -троен агент кој бил пријател со Иан Флеминг и...

Душко Попов -троен агент кој бил пријател со Иан Флеминг и инспирација за Џејмс Бонд

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во светот на елитната шпионажа, интриги и „вистински” тајни агенти за кои малку се знае со сигурност, едно име редовно се споменува и цитира како модел, Душко Попов. Тој бил најуспешниот шпион за време на Втората светска војна. Двоен (некои сметаат троен) агент, на кој верувале и Черчил и Хитлер. Тој бил пример за познатиот агент 007 на Ијан Флеминг, Џејмс Бонд.

<

За тројниот агент  беше снимен и документарен филм, кој може да се гледа на Netflix. Одличен документарен филм за животот на Душко во кој сведочат неговите пријатели и членовите на неговото најблиско семејство.

Животот на Душко Попов бил полн со опасности. На релација Лисабон (кој бил седиште на европската шпионажа во тоа време) – Лондон (каде на Британците редовно им доставувал извештаи за германските планови и добивал лажни информации кои требал да му го подметне на Рајхот).

Некаде во таа комуникација, Душко Попов дошол до поседување на неверојатни информации. Јапонците во очи 1941 година многу се интересирале за можноста за полетување на бомбардерите со носач на авион, и тој од „Абвер” германска разузнавачка служба, добил задача да отиде во САД и да собере информации за пристаништето Перл Харбор.

Попов собрал „два и два” и веднаш по доаѓањето во Америка заминал во седиштето на ФБИ. Тогаш им предочил дека Јапонците ќе го нападнат Перл Харбор. Сепак, неговите предупредувања не биле сфатени сериозно, а директорот на агенцијата, Џон Едгар Хувер, според Попов, покажал отворено непријателство.

Хувер бил извонреден човек на многу начини. Веројатно бил хомосексуалец. Сепак, ги мразел странците, особено Душко. Тој мразел плејбои и се што е поврзано со Душко, раскажал Расел Милер, британски автор и новинар кој го истражувал животот на агентот од Србија.

Поради сето ова, приемот на Попов во ФБИ бил ладен. Во неговата приказна Хувер не веруваше.

Неколку месеци подоцна, на 7 декември 1941 година веројатно се каел. Но, предоцна.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Арсовска му возрврати на пратрникот Ковачев: Имам чешки пасош, бугарски немам !!!

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска во гостување во „Тешки муабети го демантира европратеникот Андреј Ковачев кој објави дека наводно Арсовска е бугарски...

Видео: Семејствата на загинатите го исвиркаа кочанскиот градоначалник, тој го откажа најавениот концерт

Вршителот на должноста градоначалник на Кочани, Венко Крстевски, вечерва се појави пред семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“, кои одржаа протест, гневни...

После лавината реакции, Кочани се откажа од прославата по повод празникот Петровден.

Почитувани сограѓани, Животот продолжува, но трагедијата во дискотеката „Пулс“ нè остави во заложништво на болката, особено за родителите кои живеат со страв и загуба. Откажувањето на...

Андреј Ковачев: „Нападот врз Арсовска е напад врз бугарски државјанин“

Европратеникот Андреј Ковачев го осуди инцидентот со скопската градоначалничка Данела Арсовска, нарекувајќи го „уште една загрижувачка атак врз бугарски државјанин во Северна Македонија“. Сериозно сум...