17.9 C
Ohrid
среда, октомври 9, 2024
ПочетнаИсторијаГоце Делчев со неговата вереница?!- Досега не објавена фотографија во сопственост на...

Гоце Делчев со неговата вереница?!- Досега не објавена фотографија во сопственост на Јордан Симоноски !!!

Да се открие досега непозната и необјавена фотографија од најголемиот и најславен македонски револуционер, апостолот на македонското револуционерно движење и идол на македонскиот народ Гоце Делчев, несомнено е едно од најголемите историски откритија на македонската историска наука во поново време, пишува историчарот и истражувач Александар Донски во написот објавен на порталот Македонска нација.

 

Сопственик на фотографијата денес е Јордан Симоновски (родeн 1947), познат штипски фотограф, снимател и хроничар, еден од основачите на најпознатото фото студио во Штип и пошироко во втората половина на XX век, студиото „Фото Трајче“. Фотографијата со децении стоела во нивната семејна архива заедно со десетици илјади други фотографии од подамнешно и поново време.

Како дошла фотографијата со Гоце Делчев во семејството на Јордан Симоновски, тоа не се знае со сигурност. Фотографијата Јордан ја наследил од својот дедо Мите Сушев (1880 – 1964) родум од Сушево, чиј брат Ристо Сушев, имал драматичен животен век. Имено, Ристо бил активен комита и учествувал во Илинденското востание. По неуспехот на Илинден никој не знаел ништо за него. Неговиот брат Мите бил убеден дека загинал. Меѓутоа, во 1906 година Ристо ненадејно се појавил во дворот на својот брат, но не сакал да каже каде ги поминал претходните три години. Истата 1906 година заминал за Софија, а оттаму за Одеса во Русија, каде се оженил со Русинка. Во 1917 година Мите со сопругата Марија и ќерките сакале да одат за Русија кај својот брат Ристо, но заради Октомвриската револуција, транспортот со Русија бил во прекин. Двајцата браќа никогаш повеќе не се виделе во животот. Последен пат контактирале во 1940 година.

Што се однесува до фотографијата, една од претпоставките е дека револуционерот и комита Ристо Сушев ја дал оваа фотографија на својот брат Мите (дедото на Јордан Симоновски).

Втората можност е дека Мите Сушев ја добил оваа фотографија од трето лице. Во секој случај се работи за фотографија која досега никаде не е објавена ниту позната, ниту кај нас ниту во Бугарија. Ако се има предвид дека тогаш фотографиите биле ретки и скапи (посебно фотографиите на илегалните војводи и револуционери), а скапо било и умножувањето на фотографиите (кое се вршело преку директно пресликување со апарат) енигмата за добивањето на оваа фотографија во посед на Мите Сушев, а подоцна и на неговиот син Трајче и внук Јордан, е уште поголема.

Како што се гледа, на фотографијата (која на некои места е малку оштетена, главно поради прекршување, но сепак е јасно видлива) има шест личности од кои две седат, а четири стојат.

Прва од десно на фотографијата е Јустинијана (Јанка) Каневчева – вереницата на Гоце Делчев. Веднаш до неа е самиот Гоце Делчев.

Пред нив седат родителите на Гоце: таткото Никола и мајката Султана.

Лево од Султана стои млад маж, а меѓу Султана и Никола стои млада жена.

Ликот на Јустинијана (Јанка) Каневчева во целост е идентичен со единствената нејзина позната фотографија од тоа време. Јанка е свечено облечена најверојатно во скап кадифен фустан, дотерана фризура и украс на градите.

Веднаш до неа стои Гоце, кој е благо свртен кон Јустинијана. Неговата десна рака е спуштена врз рамото на татко му Никола што несомнено е гест што покажува блискост, љубов и почит кон својот родител. И Гоце е облечен во свечена облека. Тој носи сако со двојни копчиња, какви што биле во мода во Европа во тоа време. Под сакото се гледа дека носи темна кошула. Ова е единствената позната фотографија на Гоце во темна кошула. На сите останати негови фотографии тој носи бела кошула. Ова може да биде силна индиција дека Гоце не случајно овде е свечено облечен во кошула каква што вообичаено не носел, т.е. во кошула каква несомнено се облекувала само заради посебни настани.

Никола и Султана седат пред нив облечени во своите традиционални алишта од кукушкиот крај. Нивните ликови исто така во целост се идентични со останатите нивни ретки фотографии од тој период.

На фотографијата

се уште еден млад маж и млада жена, чиј идентитет засега не можевме да го утврдиме. Ликот на младиот маж е блед, т.е. не може јасно да се препознае. Неговата лева рака е поставена врз рамото на Султана, од што со голема веројатност може да се претпостави дека тоа е некој од браќата на Гоце Делчев: Димитар, Милан или Христо. Впрочем ист таков гест на блискост, љубов и почит на фотографијата има и кај Гоце, чија десна рака е ставена врз рамото на неговиот татко Никола. Младиот маж е исто така свечено облечен.

Што се однесува до младата жена на фотографијата, која стои до евентуалниот брат на Гоце, претпоставуваме дека тоа е една од гоцевите сестри. Индиција за ова е истиот гест како кај Гоце и кај младиот маж, а тоа е нејзината рака спуштена врз рамото на таткото Никола. Гоце имал пет сестри и тоа: Руша, Цоца, Тина, Лика или Елена.

За повеќе детали од текстот кликнете на овој линк: https://www.mn.mk/aktuelno/20706-Aleksandar-DONSKI-Eksluzivno–ULTRA-SENZACIONALNO-OTKRITIE?fbclid=IwAR176lJPqK2C9oyNEporGNJub7r8hZcs544aY4iSMTM2stOs8NDfeMMXcFw

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Теа од Куманово ќе ја претставува Македонија на Мис Универзум во Мексико

Теа Георгиевска од Куманово ќе ја претставува Македонија на светскиот избор за убавина „Мис Универзум“ кој идниот месец ќе се одржи во Мексико. Титулата Мис...

Ристовски: Познатите спортисти во Македонија нема повеќе да рекламираат казина и спортски обложyвалници.

Познатите спортисти кои досега рекламираа обложувалници или казина, во иднина нема да го прават тоа. Ова го изјави министерот за спорт Борко Ристовски. Станува збор...

Пекара Жито Леб-Охрид: Целиот наш промет од сите наши пекари во Охрид во среда на 09.10.2024, го донираме за лекување на Бојана

Донираме ние, донирај и ти за Бојана! Целиот наш промет од сите наши пекари во Охрид во среда на 09.10.2024, го донираме за лекување...

Охриѓанката Миа Танеска повторно се закити со злато, Христијан Шибакоски !!!!!

Викендов на 5-ти октомври(сабота), се одржа возбудлив Таеквон-до ИТФ натпревар за деца до 14 години во Плевен соседна Бугарија, на кој учествуваа околу 180...